​ОТВОРЕНА ПОСТОЈАНА ПОСТАВКА ЗА ПРВАТА МАКЕДОНСКА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ВЛАХЧЕВА

Почитувани, ве известуваме дека е отворена изложба, но и постојана поставка во штипскиот Музеј, посветена на првата медицинска сестра Славјанка Влахчева.
 
Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“
се радува на ваквите подвизи кои произлегуваат од нашите иницијативи.

Имено, уште минатата година, на денот на промовирањето на Друштвото за историјатот на сестринството при ЗМСТАС „ЗА НАС“, беше направена и првата изложба во чест на Славјанка Влахчева, со поддршка на нејзиното семејство. Настанот беше одржан во кино салата на ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ пред многуброен аудиториум.





Истата година здружението ги додели и првите одликувања од прв ред со повелбата „Славјанка Влахчева, заштитувајќи го нејзиното име и трасирајќи пат за една убава традиција. Одликувањето секоја година, во склоп на големиот меѓународен конгрес, ќе биде обележано и со симболичен брош од охридски бисери, во знак на првата македонска медицинска сестра.

 

„Во името на здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ сакам да истакнам дека сме особено горди за се што направивме за да се слави делото на Славјанка Влахчева. Здружението е гордо на членството на Европската асоцијација за историјатот на сестринството, на нашето Друштво кое го формиравме минатата година, на изложбата посветена токму на првата медицинска сестра која ја направивме во ГОБ „8ми Септември“, а најмногу и на повелбата која истотака изминатата година за прв пат се додели.



Им благодариме на градоначалникот на град Штип, на музејот на град Штип и на Министерството за култура за соработката и поддршката, за сите заложби да ова биде вака организирано. Додека трае изложбата здружението ќе го организира сестринството таа да биде посетена.“ – истакна сестра Милка Карајановска, главна медицинска сестра во ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ и наш претставник на свеченото отварање.

 

Во чест на меѓународниот ден на музеите, свеченото отварање се одржа на 17ти мај, а таа секојдневно ќе биде отворена за посетителите кои сакаат да се запознаат со ликот и делото на првата дипломирана македонска медицинска сестра.

Изложбата е насловена како „Македонското девојче во бело“, а тенденција е средното медицинско училиште во Штип да го носи нејзиното име.



Истражувањата за Славјанка Влахчева започнуваат многу оддамна, ама поконкретни податоци се собираат од 2017 година кога се стапува во контакт со семејството на Влахчева.
 
Во штипскиот музеј се изложени оргинални фотографии, документи, предмети кои припаѓале на Влахчева, кои зборуваат за нејзината богата биографија, нејзиниот живот и дело. Нејзиното семејството одлучи целото наследство на Влахчева, кое се состоеше од огромен број на фотографии, документи и одликувања да ги подари на штипскиот музеј.

 
Во 1945 година е отворено првото медицинско училиште во Скопје, а Славјанка Влахчева била назначена за прв директор. Таа е една од петте Македонки, кои се стекнале со медало за хуманост. Таа е родена во декември 1900 година. Потекнува од занаетчиско штипско семејство. За медицинска сестра учела во Белград, во 1924 година го завршува школувањето и е првата дипломирана македонска медицинска сестра.

Пребарување

Категории

Актуелно

РЕАКЦИЈА НА ТВРДЕЊАТА ЗА НЕСТРУЧНО ОДНЕСУВАЊЕ НА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА СО НОВОРОДЕНЧЕ НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА
15.7.2024
Во нашата земја во моментов работат околу 9200 медицински сестри. Оваа хумана фела одговорно и пожртвувано работи во јавниот здравствен систем и не заслужува да се фрла дамка на сестринската професија поради недокажани инциденти.
Види детали

Тагови

Архива на вести