ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА 4. МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ „СО ОБРАЗОВАНИЕ ДО ВЛИЈАНИЕ – МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ДВИГАТЕЛИ ЗА ПРОМЕНИ!“

Со голема чест и задоволство Ве покануваме да земете учество на Четвртиот меѓународен конгрес на медицински сестри кој традиционално ќе се одржи од 3 до 5 октомври 2025 година во хотел „Дрим“ во Струга.

Годинешното мото на конгресот е „Со образование до влијание. Медицинските сестри – двигатели за промени!“, тема која го отсликува значењето на континуираното професионално усовршување и клучната улога на медицинските сестри како лидери и промотори на позитивни промени во здравствените системи и заедницата воопшто.

Конгресот претставува значаен настан од меѓународно значење, каде медицинските сестри, техничари и акушерки ќе имаат можност да разменат искуства, знаења и примери на добра пракса со колеги од земјата и регионот.

Оваа година, во рамки на конгресот, ќе се одржи и Регионалната конференција на Европската организација на специјализирани медицински сестри (ЕСНО), што претставува дополнителна потврда за важноста и релевантноста на овој собир.

Традиционално, ќе биде доделена и Повелбата и одликувањето од прв ред „Славјанка Влахчева“, признание кое се доделува на истакнати поединци за нивниот исклучителен придонес во развојот и афирмацијата на сестринската професија.

Организатор на конгресот е Унијата на Здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија (ЗМСТАС), предводена од ЗМСТАС „За Нас“, кои и оваа година со посветеност и ентузијазам ја реализираат оваа важна и престижна професионална средба.


Сите заинтересирани за активно учество на конгресот со сопствена презентација или стручна тема, потребно е да испратат апстракт со должина до 250 зборови
на електронската адреса aplikacija@zanas.mk,
најдоцна до 15 јули 2025 година.

📌 Доколку имате технички проблем при праќањето на е-пошта, апстрактите можете да ги испратите и на: zanas.zmsta@gmail.com


Очекуваме инспиративни презентации, нови партнерства и заеднички чекори кон унапредување на сестринската професија.

Вашето учество е од особено значење за зацврстување на нашата заедничка мисија – посилно, повидливо и повлијателно сестринство.

Пребарување

Категории

Актуелно

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА УНИЈАТА НА ЗМСТАС ПРЕДВОДЕНА ОД ЗМСТАС „ЗА НАС“ ВО ЦРКОВНАТА НАРОДНА КУЈНА
29.12.2025
Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки и стоматолошки сестри предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, заедно со своето Хуманитарно друштво „Ивона Пешевска“, реализираше хуманитарна акција во црковната народна кујна, во соработка со Хуманитарната организација „Свети Спас“.
Види детали

Тагови

Архива на вести