ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈГОЛЕМИТЕ СРЦА — НАШИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ!

Оваа година, најголемото признание оди кај најголемите срца!

Медицинските сестри на Македонија — ова е за вас.
За сите оние моменти кога вашата грижа беше првата светлина на новиот ден.
За секоја прегратка со зборовите "ќе биде добро".
За секој напор, за секоја ноќна смена, за секој чекор направен во името на животот.

По трагичниот настан во Кочани, видовме нешто што никогаш нема да го заборавиме:
без повик, без команда, без размислување — сите вие дојдовте.
Сите заедно. Со срце, со солзи во очите, но со непоколеблива сила.

Таа солидарност. Таа емпатија. Таа хуманост.
Тоа е сестринството. Тоа е повик, не само професија.

Затоа годинава, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „За Нас“,
во рамките на чествувањето на „Меѓународната недела на сестринството“ реши:

Признанието за најхуманата медицинска сестра да биде за сите нас.
За секоја сестра.
За целото сестринство.

Ова е чест за сите ваши непишани херојства.
Ова е благодарност за секоја скриена борба што ја водите.
Ова е аплауз за вашата сила, за вашата грижа, за вашата љубов.

Од сестрите — за сестрите.
Од срцето — за срцата.
Од човечноста — за човештвото.

Денес си даваме чест.
Денес си даваме аплауз.
Денес се гордееме едни со други.

#СестритеСеГордост #ХуманостВоАкција #ОдСестритеЗаСестрите #СестритеСеСила

Пребарување

Категории

Актуелно

Македонските сестри поврзани со светот: Свечена академија по повод Меѓународната недела на сестринството 2026
14.5.2026
На 12 мај 2026 година, во Домот на културата во Тетово, свечено и во силна атмосфера на почит, емоции и професионална гордост, беше одбележана Меѓународната недела на сестринството во Македонија преку одржување на 9-тата Свечена академија по повод 5 Мај – Светскиот ден на акушерките и 12 Мај – Интернационалниот ден на медицинските сестри.
Види детали

Тагови

Архива на вести