ЗМСТАС „ЗА НАС“ СО АКТИВНО УЧЕСТВО НА РЕГИОНАЛНИОТ СИМПОЗИУМ ЗА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ТЕХНИЧАРИ ВО БЕЛГРАД

На 17 јуни 2025 година во Белград, во рамки на Конгресот на здружението на ендоскопските хирурзи на Србија, се одржа Регионалниот симпозиум за медицински сестри и техничари – значаен професионален собир кој овозможи размена на знаења, искуства и добри практики од областа на сестринството и ендоскопската нега.



На овој симпозиум, достоинствено учество зема и нашето здружение ЗМСТАС „ЗА НАС“, со своја делегација предводена од м-р Гордана Бешлиовска, претседател на здружението.

Во состав на делегацијата беа и ДМС Илија Милошовски и ДМС Стојанка Манасиевска – двајцата членови на Извршниот одбор на ЗМСТАС „ЗА НАС“. Присуството на симпозиумот претставуваше важна можност за афирмација на македонското сестринство и воспоставување на нови регионални партнерства во насока на унапредување на професионалната пракса.



 

„Регионалниот симпозиум покажа колку е важно сестринството да биде активно вклучено во модерните хируршки процеси. За нас, ова беше повеќе од учество – беше мисија. Мисија за унапредување, препознавање и поврзување,“ изјави м-р Гордана Бешлиовска.


ЗМСТАС „ЗА НАС“ упатува искрена благодарност до организацискиот одбор на Конгресот, до Здружението за ендоскопска хирургија на Србија, како и до главната сестра на Универзитетскиот клинички центар – Србија, за поканата, соработката и поддршката.


 

Со вакви активности и регионални вмрежувања, здружението „ЗА НАС“ продолжува да го гради својот професионален пат, посветено и со визија за сестринство што чекори со современите текови и ги гради подобрите времиња – сега, кога нашето време е тука.



Пребарување

Категории

Актуелно

ℹ️ ИНФОРМАЦИИ ЗА КОТИЗАЦИЈА И СМЕСТУВАЊЕ ЗА ПЕТТИОТ МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ПРВИОТ САМИТ НА МЕЃУНАРОДНИТЕ СЕСТРИНСКИ ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ И ФЕДЕРАЦИИ
03.7.2026
Придружете ни се на V Меѓународен конгрес на медицинските сестри и Првиот меѓународен Самит на меѓународните сестрински здруженија, асоцијации и федерации, кои ќе се одржат од 2 до 4 октомври 2026 година во хотел „Дрим“ – Струга.
Види детали

Тагови

Архива на вести