УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН ЕДУКАТИВНО-СИМУЛАТИВЕН И ХУМАНИТАРНО-ЗДРАВСТВЕН НАСТАН ВО ПРИЛЕП ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНАТА НЕДЕЛА НА СЕСТРИНСТВОТО

Прилеп, 13 мај 2025 – Вчера, на 12 мај 2025 година, на Плоштадот Камена бина во Прилеп, успешно се одржа едукативно-симулативен и хуманитарно-здравствен настан во рамки на Меѓународната недела на сестринството, во организација на Унијата на ЗМСТАС, предводена од ЗМСТАС „За Нас“.

Настанот се реализираше во соработка со Службата за итна медицинска помош при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ – Прилеп, медицински сестри и техничари од примарната здравствена заштита, ОВР Прилеп, ТППЕ Прилеп, како и ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, здравствена струка.

Програмата понуди симулација на сообраќајна несреќа со учество на службите за итна помош, пожарна и полиција, предавање за BLS и ILS од д-р Андреј Ристески, мерење на крвен притисок, гликемија и сатурација, како и дисеминација на едукативен материјал и разговори со медицински лица и волонтери.

 

„Овој настан беше жив пример за тоа како сестринството, струката и заедницата можат да соработуваат за создавање на здравствено едуцирано и свесно општество. Граѓаните на Прилеп покажаа голем интерес, а младите ученици ја демонстрираа својата подготвеност, знаење и желба за учење. Им благодариме на сите институции, учесници и посетители што беа дел од оваа важна иницијатива.“ - истакна Извршниот одбор на ЗМСТАС „За Нас“.





Настанот беше отворен за јавноста и имаше одлична посетеност од страна на граѓани од сите возрасни групи. Преку интерактивен пристап, беа демонстрирани значајни вештини за спасување животи, што претставува основна мисија на сестринството – грижата за човекот и заедницата.

Пребарување

Категории

Актуелно

Македонските сестри поврзани со светот: Свечена академија по повод Меѓународната недела на сестринството 2026
14.5.2026
На 12 мај 2026 година, во Домот на културата во Тетово, свечено и во силна атмосфера на почит, емоции и професионална гордост, беше одбележана Меѓународната недела на сестринството во Македонија преку одржување на 9-тата Свечена академија по повод 5 Мај – Светскиот ден на акушерките и 12 Мај – Интернационалниот ден на медицинските сестри.
Види детали

Тагови

Архива на вести