Делегацијата која ја предводеше м-р Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС, вклучуваше членови од ЗМСТАС „ЗА НАС“ и наши драги соработници од фелата како Наџије Фетаи, Стојанка Манасиевска, Алиса Абдулаи, Велдрина Фетаи и Илија Милошовски.
Со учеството на ЕСНО, овој настан ги потенцира виталните придонеси на медицинските сестри во изградбата на одржливи здравствени системи и се фокусира на нивната клучна улога во обезбедувањето на висококвалитетна здравствена нега во цела Европа.
Хуманитарното друштво „Ивона Пешевска“, дел од Унијата на здруженија „ЗМСТАС ЗА-НАС“, заедно со познатиот токсиколог д-р Нико Беќароски, денес реализираше уште една успешна активност во соработка со медицинските сестри и техничари од Брзата помош при ЗД - Тетово
Се навраќаме на една исполнета и плодна година, полна со бројни активности и едукации кои ја збогатија нашата професија и нашата заедница.
Почитувани, хуманитарен караван на хуманитарното друштво „Ивона Пешевска“ при ЗМСТАС „ЗА НАС“ продолжува и понатаму, овој пат со посетата на Општата болница во Струга, како и Здравствениот Дом и сите негови единици.
Унијата предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ е особено горда на уште една успешно завршена мисија, потенцирајќи дека секогаш единството и меѓусебното разбирање ќе не одведе до позитивни реализирани цели.
Здружението сака да подаде рака за да се слушнат и нивните потреби, да поделат предновогодишни подароци и да ја пренесе главната порака дека е важно да бидеме секогаш едни до други и сплотени.
Овој настан ги обедини здравствените работници, граѓанските организации, невладините организации и меѓународните партнери во споделувањето искуства, дискусии за предизвиците и идентификување конкретни чекори за подобрување на одговорите во случај на идни итни здравствени состојби на локално ниво.
Оваа година настанот на тема „ТИМСКАТА РАБОТА НА ИНСТРУМЕНТАРКИТЕВО КАДАВЕРИЧНАТА ТРАНСПЛАТАЦИЈА“ се одржа во ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ - Скопје.
дека Унијата на медицински сестри по реакцијата на вчерашната одлука на Фондот – матичните лекари да може да работат и без медицинска сестра , стапи во контакт со директор на фондот за здравство д-р Сашо Клековски, кој изрази желба за соработка, и согласно неговите тековни обврски очекуваме прием.
Веб-страницата користи колачиња со цел непречено функционирање, статистики и подобрување на Вашето корисничко искуство.Кликнете на следниот линк со цел да се информирате за тоа како ги користиме колачињата: политика за колачиња.