ПРВ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВО НА НЕФРОЛОШКИ СЕСТРИ И ХЕМОДИЈАЛИЗА ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“

Почитувани,
 
Имаме чест и задоволство да Ве поканиме на
Првиот симпозиум во организација на Друштвото на нефролошки медицински сестри и хемодијализа
на тема:
„Современи предизвици и достигнувања во Нефрологијата“
 
Симпозиумот ќе се одржи на:
23 мај 2025 година
Хотел Дрим – Конгресна сала, Струга
со почеток во 18:00 часот
 
Овој значаен настан е организиран во рамките на
Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“,
преку новоформираното Друштво на нефролошки медицински сестри и хемодијализа – професионална платформа посветена на сестрите и техничарите вклучени во грижата за пациенти со бубрежни заболувања и дијализни третмани.
 
Симпозиумот има за цел да поттикне стручна размена, едукација и поврзување на медицинскиот персонал од оваа специјализирана област, со фокус на современи практики и континуиран професионален развој.
 
Ваша присутност ќе ни биде особена чест.
 
Со почит,
Организациски одбор на симпозиумот
ЗМСТАС „ЗА НАС“

Пребарување

Категории

Актуелно

Македонските сестри поврзани со светот: Свечена академија по повод Меѓународната недела на сестринството 2026
14.5.2026
На 12 мај 2026 година, во Домот на културата во Тетово, свечено и во силна атмосфера на почит, емоции и професионална гордост, беше одбележана Меѓународната недела на сестринството во Македонија преку одржување на 9-тата Свечена академија по повод 5 Мај – Светскиот ден на акушерките и 12 Мај – Интернационалниот ден на медицинските сестри.
Види детали

Тагови

Архива на вести