УНИЈАТА СО РЕАКЦИЈА ДО СИНДИКАТОТ

Почитувани членови, Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ ве известува дека по многубројните ваши пораки во врска со објавите на министерот за здравство, г-динот Венко Филипче, за износот на платите на медицинските сестри, достави реакција до претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјала, д-р Љубиша Каранфиловски.
 
Имено, на официјалниот сајт на актуелниот министер за здравство беа објавени графикони на кои е прикажана бруто платата на медицинските сестри во износ од 50 376 денари со висока стручна спрема, односно 38 182 денари со средна стручна спрема.
 
Ова се износи кои не се релевантен податок бидејќи голем дел од сестринската професија не ја зема посочената бруто плата. Нашата реакција е директно насочена кон синдикатот кој не застапува и бараме јавно да ги образложи објавените износи, врз основа на кој колективен договор се истите добиени? Незадоволството кај сестринската професија е големо и бараме точност на податоците.
 
Со почит
Извршен одбор
на ЗМСТАС „ЗА НАС“

 





Подготвил:
Даниел Стојмановски
Лице за односи со јавноста и комуникација со медиуми

Пребарување

Категории

Актуелно

ЗМСТАС „ЗА НАС“ СО АКТИВНО УЧЕСТВО НА РЕГИОНАЛНИОТ СИМПОЗИУМ ЗА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ТЕХНИЧАРИ ВО БЕЛГРАД
24.6.2025
Со вакви активности и регионални вмрежувања, здружението „ЗА НАС“ продолжува да го гради својот професионален пат, посветено и со визија за сестринство што чекори со современите текови и ги гради подобрите времиња – сега, кога нашето време е тука.
Види детали

Тагови

Архива на вести