АКТИВНО УЧЕСТВО НА УНИЈАТА НА ЗМСТАС НА КОНСУЛТАТИВНА СРЕДБА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ВО ЗДРАВСТВОТО

Унијата на ЗМСТАС, предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, зеде активно учество на консултативната средба на тема „Клучни играчи и конкуренција во јавните набавки во здравството“, која се одржа вчера, 18 декември во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, во организација на Центарот за граѓански комуникации.

На средбата, Унијата беше претставена преку свои делегати – претседателот на Унијата, м-р Гордана Бешлиовска и ДМС Емилија Наумовска, член на Извршниот одбор на ЗМСТАС „ЗА НАС“. Нивното присуство претставуваше значаен придонес во дискусијата за подобрување на транспарентноста и интегритетот во јавните набавки во здравствениот сектор.

Целта на средбата беше пред претставниците на релевантните институции и организации да се презентираат наодите од второто истражување за корупциските ризици во јавните набавки во здравството, кое го опфаќа периодот од 2015 до 2024 година. Истражувањето е дел од серија од три планирани анализи, чија крајна цел е изготвување конкретни и применливи препораки за намалување на корупцијата во здравствениот систем.

Консултативниот карактер на средбата овозможи присутните, покрај запознавањето со резултатите од истражувањето, активно да учествуваат со свои согледувања, искуства и предлози кои ќе придонесат кон финализација на истражувањето. Средбата беше затворена за пошироката јавност и медиумите, со цел да се овозможи отворена и конструктивна дискусија.

Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ уште еднаш ја потврди својата заложба за активно учество во процесите насочени кон унапредување на здравствениот систем, зајакнување на транспарентноста и заштита на јавниот интерес.

Пребарување

Категории

Актуелно

Македонските сестри поврзани со светот: Свечена академија по повод Меѓународната недела на сестринството 2026
14.5.2026
На 12 мај 2026 година, во Домот на културата во Тетово, свечено и во силна атмосфера на почит, емоции и професионална гордост, беше одбележана Меѓународната недела на сестринството во Македонија преку одржување на 9-тата Свечена академија по повод 5 Мај – Светскиот ден на акушерките и 12 Мај – Интернационалниот ден на медицинските сестри.
Види детали

Тагови

Архива на вести