БЕЗ МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ НЕМА ЦЕЛОСНА И ОДРЖЛИВА ЗДРАВСТВЕНА ПОЛИТИКА

Унијата на ЗМСТАС, предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, го изразува својот став по повод одржаната јавна расправа во Собранието на Република Северна Македонија за измените и дополнувањата на Законот за пушење, во која медицинските сестри не беа соодветно и суштински вклучени.

И покрај фактот што медицинските сестри континуирано и активно учествуваат во едукативни, превентивни и советодавни активности, како и во секојдневната работа со пациентите и со заедницата во насока на намалување на употребата на тутун и заштита на јавното здравје, нивниот професионален придонес не беше препознаен во рамки на оваа јавна расправа. Отсуството на нивно учество претставува сериозен институционален пропуст во процесот на креирање здравствени политики.

Унијата на ЗМСТАС, предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, укажува дека медицинските сестри се најбројна професионална група во здравствениот систем и имаат директен и континуиран контакт со граѓаните, што им овозможува реален увид во здравствените навики, ризици и потреби на населението. Поради тоа, нивното стручно знаење и практично искуство мора да бидат интегрален дел од процесите на подготовка и донесување на законски и стратешки документи кои имаат влијание врз јавното здравје.

Унијата на ЗМСТАС, предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, апелира до Министерството за здравство и до сите надлежни институции да обезбедат навремено, институционално и суштинско вклучување на медицинските сестри во идните јавни расправи, работни групи и консултативни процеси, со цел да се почитува принципот на мултидисциплинарен пристап и да се донесуваат квалитетни и применливи здравствени политики.

Во таа насока, м-р Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, изјави:
„Медицинските сестри се клучен столб на здравствениот систем и нивното искуство од терен мора да биде препознаено и вградено во процесите на донесување одлуки. Креирањето ефикасни здравствени политики не е можно без нивно активно и рамноправно учество.“

Унијата на ЗМСТАС, предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, останува посветена на унапредување на јавното здравје и на застапување на професионалната улога и достоинството на медицинските сестри во сите релевантни општествени процеси.

Пребарување

Категории

Актуелно

Македонските сестри поврзани со светот: Свечена академија по повод Меѓународната недела на сестринството 2026
14.5.2026
На 12 мај 2026 година, во Домот на културата во Тетово, свечено и во силна атмосфера на почит, емоции и професионална гордост, беше одбележана Меѓународната недела на сестринството во Македонија преку одржување на 9-тата Свечена академија по повод 5 Мај – Светскиот ден на акушерките и 12 Мај – Интернационалниот ден на медицинските сестри.
Види детали

Тагови

Архива на вести