Започна хуманитарниот караван „Сестрите со сестрите“ во Тетово

Во Клиничката болница Тетово – Ургентен центар денес официјално започна хуманитарниот караван „Сестрите со сестрите“, организиран од страна на Хуманитарното друштво „Ивона Пешевска“ и Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“. Целта на оваа иницијатива е да се обезбеди поддршка на медицинските сестри и да се унапредат условите за нивната работа.

Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, изјави:
„Со овој караван сакаме директно да ги слушнеме потребите на медицинските сестри и да обезбедиме конкретна поддршка во нивниот секојдневен професионален ангажман.“

Посебна благодарност беше упатена до директорите на Клиничката болница Тетово, д-р Ерзен Елези и д-р Константинопоулос Јоаннис, за нивната соработка и поддршка, како и до медицинските техничари и членовите на здружението кои помогнаа во успешното реализирање на првата станица на караванот.

Пребарување

Категории

Актуелно

ЈУБИЛЕЈ: Пет конгреси, девет години „ЗА НАС“ !
25.9.2026
Од самиот почеток, идејата беше да се создаде простор во кој сестринството ќе биде поврзано, професионално организирано и постојано насочено кон знаење, едукација и развој.Во истата година беше формирана и Унијата на ЗМСТАС на Македонија, предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ на Македонија.
Види детали

Тагови

Архива на вести