ХУМАНИТАРНИОТ КАРАВАН „ИВОНА ПЕШЕВСКА“ ВО УК „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ – УРГЕНТЕН ЦЕНТАР

Хуманитарниот караван „Ивона Пешевска“, реализиран во рамки на активностите на Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, денеска ја посети Универзитетската клиника „Свети Наум Охридски“, каде беше остварена средба со медицинските сестри од Ургентниот центар.

Посетата имаше за цел да се истакне значењето на меѓусебната поддршка, почитта и професионалната солидарност меѓу медицинските сестри, како и да се изрази благодарност за нивната секојдневна посветеност, одговорност и хуманост во грижата за пациентите.

Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ упатува искрена благодарност до сите медицински сестри од Ургентниот центар, како и до раководството и вработените на УК „Свети Наум Охридски“, за топлиот прием, отвореноста и поддршката на хуманитарната иницијатива.

Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ останува доследна на својата определба за континуирана поддршка, јакнење на единството и унапредување на положбата на медицинските сестри.
 

Пребарување

Категории

Актуелно

ℹ️ ИНФОРМАЦИИ ЗА КОТИЗАЦИЈА И СМЕСТУВАЊЕ ЗА ПЕТТИОТ МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ПРВИОТ САМИТ НА МЕЃУНАРОДНИТЕ СЕСТРИНСКИ ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ И ФЕДЕРАЦИИ
03.7.2026
Придружете ни се на V Меѓународен конгрес на медицинските сестри и Првиот меѓународен Самит на меѓународните сестрински здруженија, асоцијации и федерации, кои ќе се одржат од 2 до 4 октомври 2026 година во хотел „Дрим“ – Струга.
Види детали

Тагови

Архива на вести