Актуелно

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА УНИЈАТА НА ЗМСТАС ПРЕДВОДЕНА ОД ЗМСТАС „ЗА НАС“ ВО ЦРКОВНАТА НАРОДНА КУЈНА

Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки и стоматолошки сестри предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, заедно со своето Хуманитарно друштво „Ивона Пешевска“, реализираше хуманитарна акција во црковната народна кујна, во соработка со Хуманитарната организација „Свети Спас“.

Во рамки на акцијата, медицинските сестри со голема посветеност и чувство на одговорност донираа прехранбени производи и подготвија топол оброк за социјално загрозени семејства, лица во социјален ризик и бездомни лица.

Оваа хуманитарна активност претставува уште една потврда за хуманоста, солидарноста и општествената одговорност на сестринската професија. Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ изразува искрена благодарност и признание до сите медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри кои активно учествуваа во реализацијата на акцијата.

Посебна благодарност се упатува и до сите вклучени партнери и соработници за нивната поддршка и хумано делување.

Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ останува цврсто посветена на продолжување на хуманитарните активности, со јасна определба дека сестринството не е само професија, туку и силен израз на грижа, човечност и солидарност кон секој човек.

Пребарување

Категории

Актуелно

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА УНИЈАТА НА ЗМСТАС ПРЕДВОДЕНА ОД ЗМСТАС „ЗА НАС“ ВО ЦРКОВНАТА НАРОДНА КУЈНА
29.12.2025
Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки и стоматолошки сестри предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, заедно со своето Хуманитарно друштво „Ивона Пешевска“, реализираше хуманитарна акција во црковната народна кујна, во соработка со Хуманитарната организација „Свети Спас“.
Види детали

Тагови

Архива на вести