УНИЈАТА НА ЗМСТАС „ЗА НАС“ АКТИВНО УЧЕСТВУВА ВО РАБОТИЛНИЦА ЗА КАРДИОВАСКУЛАРНО ЗДРАВЈЕ И ДИЈАБЕТЕС

Во рамки на планираните календарски активности посветени на унапредување на здравствената едукација и поддршката на пациентите, Сојузот на здруженија на лица со дијабетес организираше стручна работилница на тема превенција и менаџирање на кардиоваскуларното здравје и компликациите кај лицата со дијабетес.

Основната цел на работилницата беше унапредување на современите чекори и пристапи во третманот на кардиоваскуларните заболувања, како и навремено спречување на компликациите поврзани со дијабетесот, преку мултидисциплинарен и едукативен пристап.

На настанот учествуваа етаблирани медицински професионалци и предавачи – лекари специјалисти од УК – Кардиологија, УК – Нефрологија и УК – Ендокринологија, кои преку свои стручни излагања дадоа значаен придонес кон продлабочување на знаењата и практичните искуства во оваа област.

Особено значаен придонес на работилницата имаше Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки и стоматолошки сестри, предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, чие активно членство учествуваше во едукативниот процес, дискусиите и размената на професионални искуства. Работилницата претставува важен чекор во континуираниот професионален развој на медицинските сестри и во зајакнувањето на нивната улога во грижата за лицата со хронични заболувања.


 

Унијата на ЗМСТАС истакна дека ваквите настани имаат суштинско значење за здравствениот систем и за квалитетот на здравствената заштита: „Едукацијата и мултидисциплинарната соработка се основа за унапредување на здравствената грижа и за јакнење на професионалниот капацитет на медицинските сестри. Преку активно учество на вакви стручни работилници, директно придонесуваме кон подобрување на квалитетот на здравствените услуги и кон подигнување на вредноста и безбедноста на пациентите.“

Настанот беше реализиран со заедничка заложба за унапредување на здравствената пракса, јакнење на професионалните стандарди и создавање подобри услови за пациентите, со јасна визија за подобри и поодржливи здравствени решенија во иднина.

Пребарување

Категории

Актуелно

ℹ️ ИНФОРМАЦИИ ЗА КОТИЗАЦИЈА И СМЕСТУВАЊЕ ЗА ПЕТТИОТ МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ПРВИОТ САМИТ НА МЕЃУНАРОДНИТЕ СЕСТРИНСКИ ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ И ФЕДЕРАЦИИ
03.7.2026
Придружете ни се на V Меѓународен конгрес на медицинските сестри и Првиот меѓународен Самит на меѓународните сестрински здруженија, асоцијации и федерации, кои ќе се одржат од 2 до 4 октомври 2026 година во хотел „Дрим“ – Струга.
Види детали

Тагови

Архива на вести