ХУМАНИТАРНИОТ КАРАВАН „ИВОНА ПЕШЕВСКА“ РЕАЛИЗИРАН ВО ГОБ „8-МИ СЕПТЕМВРИ“ – УРГЕНТЕН ЦЕНТАР

Во рамки на активностите на Хуманитарниот караван „Ивона Пешевска“, денеска беше реализирана посета на Ургентниот центар при ГОБ „8-ми Септември“. Настанот се одржа во организација на Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, со цел унапредување на единството, меѓусебната поддршка и професионалната солидарност меѓу медицинските сестри.

Во текот на средбата беше испратена јасна порака за значењето на заедништвото, обединетиот професионален глас и потребата од континуирана поддршка и почит кон медицинската сестринска професија.

Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ упати искрена благодарност до целиот тим на медицински сестри од Ургентниот центар, како и до главната медицинска сестра на Ургентниот центар, Алма Авдиќ, и главната медицинска сестра на ГОБ „8-ми Септември“, Милка Карајановска, за нивната отвореност, соработка и поддршка.

Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ останува цврсто посветена на зајакнување на единството меѓу медицинските сестри, со уверување дека само преку заедничко дејствување може да се постигне напредок и подобрување на условите за работа во професијата.

Пребарување

Категории

Актуелно

​НАЦИОНАЛНИОТ САМИТ НА ПЕТТИОТ ЈУБИЛЕЕН КОНГРЕС – УСПЕХ НА МАКЕДОНСКОТО СЕСТРИНСТВО И ИНИЦИЈАТИВА ЗА МЕЃУНАРОДЕН ДОКУМЕНТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА
14.10.2026
Почитувани ве информираме дека вчера, во Народната канцеларија на претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, ЗМСТАС „ЗА НАС“ на Македонија ја одржа петтата трибина по ред, посветена на подготовката, доработката и финализирањето на Декларацијата за безбедност при работа.
Види детали

Тагови

Архива на вести