Свечена академија: Прославена неделата на сестринството

Почитувани, во текот на вчерашниот ден, традиоционално, се одржа свечената академија по повод одбележувањето на меѓународната недела на сестринството.

Прес конференцијата за свечената академија започна пред одржувањето на самиот настан

Започнувајќи од 5ти мај па се до 12ти мај секоја година сестрите ширум светот го прославуваат овој период славејќи ги имињата на Флоренс Најтингејл, Мајка Тереза... славејќи ја хуманоста.


Дел од присутните членови и пријатели на Унијата - Дом на АРМ


Преставници од Министерството за здравство

Настанот се одржа во Домот на АРМ, а официјалното отварање му припадна на државниот секретар на Министерството за здравство, Д-р Владимир Милошев, специјалист по максилофацијална хирургија.


Д-р Владимир Милошев - Државен секретар, Спец. по максилофацијална хирургија

Свое обраќање имаше и претседателот на Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението „ЗА НАС“ - сестра Горданка Бешлиовска, заблагодарувајќи се пред многубројното членство за сплотеноста и единственоста.


сестра Горданка Бешлиовска, претседател на Унија на ЗМСТАС предводена од Здружението „За нас“


Наџије Фетаи, претседател на здружението „Флоренс Најтингејл“ - Тетово (Унија на ЗМСТАС)


Џеват Салија, претседател на ЗМСТАС - Гостивар (Унија на ЗМСТАС)

Во текот на настанот беа доделени плакети и благодарници на тековните соработници на здружението, меѓу кои и здруженијата на пациенти „Нефрон“ и „Раст“ истакнувајќи ја силната поврзаност на сестрата со пациентот.


Душко Георгиевски, претседател на здружението на пациенти „Нефрон“

Настанот го разубавија и учениците од средното музичко училиште „Илија Николовски - Луј“ - Скопје.


Гудачки квартет - ДСМУ „Илија Николовски - Луј“

Сестра Ана Љубич од Куманово ја презентираше и својата поема посветена на акушерките, поздравувајќи ја цела медицинска фела.


Ана Љубич

Сосема на крајот беа доделени вкупно 38 пофалници за најхуманите и најуспешните медицински сестри од цела република.

Признанија за најхуманите и најуспешните



Наградените сестри покрај пофалницата од здружението добија рачен часовник и ангел кој го симболизира и слоганот на здружението: „Ние не сме ангели, но сме сигурно втората најубава работа по ангелите“.

„Ние не сме ангели, но сме сигурно втората најубава работа по ангелите“

Настанот го водеа Јана Серафимова и Даниел Данн.

Јана Серафимова, Даниел Данн 

Галерија

Поврзани вести

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА МЕЃУНАРОДНИОТ КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ЕСКУЛАП“ ОД РЕПУБЛИКА СРБИЈА
22.4.2024
Изминатиов викенд, во Златибор, се одржа Меѓународниот конгрес на медицински сестри во организација на Здружението на здравствени работници и соработници „ЕСКУЛАП“ од Република Србија, на тема „Подајте раце да победи животот“.
Види детали

Тагови

Архива на вести