„ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ ЗА СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ„ - Унија на здруженија предводени од ЗМСТАС - ЗА НАС

Медицинските сестри незадоволни од покачувањето: „Историскиот договор ќе не однесе во историја“ 


Медицинските сестри бараат линеарно зголемување на платите на сите здравствени работници во спротивно се заканија со работна непослушност. Бараат наместо 10 проценти платите да им се накачат за 15% на сите вработени во здравството бидејќи вака велат се прави голем јаз помеѓу платите на медицинскиот персонал.

„Министерот кажа дека е постигнат историски договор. Верувајте ми јас искрено се плашам овој историски договор да не ги однесе медицинските сестри во историјата или преку граница, затоа што со вакво едно незадоволство посебно на сестрите со средна стручна спрема, особено во примарното здравство, не можете да ги стимулирате да останат на работното место.“ - вели Гордана Бешлиовкса – Здружение на Медициснки Сестри Техничари Акушерки и Стоматолошки сестри.


Од Унијата велат дека нивната работа е значајна и рамноправна со останатите здравствени работници.



Медицинските сестри не се согласуваат со покачување на платите за 10%. Договорот за повисоки плати за 10%, кој министерот за здравство, Венко Филипче, го оцени како историски, ќе ги однесе медицинските сестри во историја, вели претседателката на Унијата на медицински сестри, Гордана Бешлиоска. Според неа, ова покачување не соодветствува со барањата на сестрите и не е линеарно со останатите покачувања во здравство. Медицинска сестра со средно образование има почетна плата од 16.500 денари, што значи дека со покачувањето од 10% би земале само 1.650 денари повеќе.
 

Болничарите, незадоволни од 10 % зголемување на платите


Џеват Салиху, претседател на Здружението на болничари Албанци
 
„Бараме платите да се поделат на линеарен начин, 15% за сите исто, со цел сите да бидат задоволни и да не се појави незадоволство. За ова што е постигнато сега, односно што треба да се постигне, ние изразуваме незадоволство во името на сите членови, болничари Албанци, за ова да се направи на линеарен начин и незадоволството да биде сведено на нула“.
Минатата година болничарите добија зголемување на платата за 5% а им беше ветено и друго зголемување за 3% кое се уште не го добиле, а им било ветено дека ќе го добиваат од ноември. Од февруари нивната плата ќе се зголеми за уште 10%. Од Министерството за здравство велат дека зголемувањето на платите на болничарите е најголемо што се случило досега, додавајќи дека за прв пат има зголемување на платите и за болничарите.


ЗМСТАС: Зголемувањето на платите да биде линеарно за сите, во спротивно ќе се зголеми јазот меѓу докторите и сестрите

Петнаесет проценти од одредената сума во буџетот, предвидено за зголемување на платите во здравствениот систем да биде линеарно за сите или пак да има зголемување на денарската противвредност на коефициентот, што сега изнесува 13.352 денари.

Тоа го бараат од Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС).

– На второ место е барањето три отсто да им се исплатат на сестрите и да најдеме начин да ги заштитиме нашите сестри во приватниот сектор. Ако не се оствари барањето најавуваме дека ќе се организираме со службена непослушност. Се надеваме дека нема да дојдеме до такво нешто и ќе го искористиме моментот до потпишувањто на договорот да успееме нашите сугестии да бидат прифатени, истакна денеска претседателот на ЗМСТАС, Гордана Бешлиовска во врска со предлог договорот меѓу Синдикатот и Министерството за здравство за покачувањето на платите на медицинскиот персонал.



Таа посочи дека недоисплатеното процентуално зголемување, што било претходно најавено, а сестрите во здравствените институции не го добиле, е едно од најголемите причини за назадоволството во моментот.

Сега, нагласи таа, сме затекнати од овој договор во кој повторно сме истретирани како ние да не придонесуваме во првите редови во работата во здравствениот систем.

- Во овој момент, ние сме сведоци на конкурси исклучително со средна стручна спрема во сите здравствени институции. Една нововработена сестра во која било здравствена институција во примарно, секундарно или терциерно здравство ќе стратува со околу 16.500 денари до 17.000 денари личен доход. Тоа е само од вчерашната утврдена минимална плата за 1.000 или 1.500 денари. Што ќе ни се случи? Тоа се млади кадри, млади сестри кои после едукација од една година за тој личен доход не остануваат да се едуцираат, си заминуваат надвор од државата и повторно остануваме дефицитни на работните места, рече Бешлиовска.

Таа појасни дека медицинска сестра со 37 години работно искуство во примарното здравство има личен доход од 20.800 денари. Според неа, ваквиот начин на зголемување на платите е нелинеарен и најавите за повисоки плати од 25 отсто на специјалистите и 10 отсто на медицинските сестри го зголемува јазот меѓу овие две професии. – Тие работат тимски и наместо соодносот лекар – сестра да биде 1:2 сега ќе биде 6:2, додаде Бешлиовска.

Во врска со медицинските сестри во приватниот сектор, таа рече дека капитациите на докторите во матичните амбуланти се зголемиле, а никој не се прашал дали на медицинските сестри некој им ги зголеми личните доходи.

Извор: МК МЕДИУМИ

Поврзани вести

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА ПРВИОТ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА ОФТАЛМОЛОШКИ СЕСТРИ ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“
12.4.2024
Почитувани вчера се одржа првиот симпозиум на Друштвото на офталмолошки сестри при ЗМСТАС „ЗА НАС“ на тема „Нови перспективи во офталмологијата“. Настанот се одржа во Скопје, хотел „Континентал“ во присуство на голем број медицински сестри и техничари, соработници и добронамерници.
Види детали

Тагови

Архива на вести