📣 ПРОДОЛЖЕН РОК ЗА АПСТРАКТИ ДО 10 АВГУСТ 2025 (4 МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ И ЕСНО КОНФЕРЕНЦИЈА)

Со особена чест и задоволство Ве покануваме да земете активно учество на Четвртиот меѓународен конгрес на медицински сестри, кој традиционално ќе се одржи од 3 до 5 октомври 2025 година во хотел „Дрим“ во Струга.

Годинешното мото на конгресот е:
„Со образование до влијание. Медицинските сестри – двигатели за промени!“
Оваа тема го нагласува значењето на континуираното професионално усовршување и улогата на медицинските сестри како лидери и носители на позитивни промени во здравствениот систем и општеството.

***

Конгресот претставува значаен меѓународен настан, кој нуди уникатна можност за размена на искуства, знаења и примери на добра пракса меѓу медицински сестри, техничари и акушерки од земјата и регионот.

Особено сме горди што оваа година, во рамки на конгресот, ќе се одржи и Регионалната конференција на Европската организација на специјализирани медицински сестри (ЕСНО) – уште едно признание за важноста и квалитетот на нашиот собир.

Традиционално, ќе биде доделена и Повелбата и одликувањето од прв ред „Славјанка Влахчева“, признание за исклучителен придонес во развојот и афирмацијата на сестринската професија.

Организатор на настанот е Унијата на Здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија (ЗМСТАС), предводена од ЗМСТАС „За Нас“, кои и оваа година со голема посветеност го подготвуваат овој значаен професионален собир.


👉 Рокот за испраќање на апстракт за активно учество со сопствена презентација или стручна тема е продолжен до 10 август 2025 година.
Апстрактите (до 250 зборови) се испраќаат на: aplikacija@zanas.mk


📌 Доколку имате технички проблем при праќањето на е-пошта, апстрактите можете да ги испратите и на: zanas.zmsta@gmail.com

Очекуваме инспиративни презентации, нови соработки и заеднички чекори кон напредок на сестринската професија.

📢 Наскоро ќе бидете информирани и за цените и начинот на резервација за учество на конгресот.

Вашето присуство е од големо значење за зацврстување на нашата заедничка мисија – посилно, повидливо и повлијателно сестринство!

Пребарување

Категории

Актуелно

Прв симпозиум на Друштвото на медицински сестри од психијатрија при ЗМСТАС „За Нас“
25.11.2025
Почитувани, Друштвото на медицински сестри од психијатрија при ЗМСТАС „ЗА НАС“ има чест да Ве покани на Првиот симпозиум на Друштвото на медицински сестри од психијатрија при ЗМСТАС „За Нас“ на тема: „Современ пристап во грижата и лекувањето на пациентите од областа на психијатријата“.
Види детали

Тагови

Архива на вести