Со задоволство ве информираме дека Четвртиот меѓународен конгрес на медицински сестри ќе се одржи од 3 до 5 октомври 2025 година во прекрасната локација на хотел „Дрим“ во Струга.
Конгресот оваа година е под мотото:
„Со образование до влијание. Медицинските сестри – двигатели за промени!“
Настанот ќе вклучи богата програма, меѓународни гости, едукативни сесии, панел-дискусии, Регионална конференција на ЕСНО и доделување на традиционалната Повелба „Славјанка Влахчева“.
📝 УЧЕСТВО И АПСТРАКТИ
📌 Рок за поднесување на апстракти е продолжен до 10 август 2025 година.
Испратете го вашиот апстракт (до 250 зборови) на: aplikacija@zanas.mk
💶 КОТИЗАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО:
👉 Котизацијата вклучува:
✔️ Промотивни материјали
✔️ Сертификат за учество
✔️ Кафе паузи во текот на конгресот
✔️ Свечена вечера (со неограничен пијалок)
🏨 СМЕСТУВАЊЕ ВО ХОТЕЛ „ДРИМ“ (Полупансион: појадок и вечера вклучени)
-
Еднокреветна соба: 65 € / по лице
-
Двокреветна соба: 90 € / за две лица
-
Трокреветна соба: 112 € / за три лица
📢 Дополнителни детали за начинот на резервација и уплата ќе бидат објавени наскоро.
Следете нè и подгответе се за инспиративен и содржаен собир!
Ве очекуваме во Струга – заедно кон посилно и повидливо сестринство!