ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ

Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачувањето на коефициентите.
 
Остварувањето на овој чекор како едно од најголемите барања за кои Унијата се залагаше изминативе години е напредок кон заокружување на сите наши други барања и потреби, за остварувањето на здрава работна околина и автономност на работничките права.
 

Линеарното покачување е еден од начините за зголемување на задоволството на вработените во здравствениот систем. Според договорот до 50 проценти ќе бидат покачени коефициентите во наредните 4 до 5 години, а во моментов покачувањето изнесува 15 проценти за медицинските сестри со ССС и 8 до 10 проценти за медицинските сестри со високо образование.


Просиндикалното дејствување на нашето здружение конечно вродува со плод, но нашите барања не застануваат тука. Продолжуваме со залагање за целосно признавање на високото образование за потврдување на компетенциите на медицинските сестри, донесување на Законот за медицински сестри, донесување на регулаторно тело и супримирање на статусот на договор на дело и инвестиција во образованието на медицинските сестри.

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА ВТОРИОТ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ - ИНСТРУМЕНТАРКИ ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“
02.12.2024
Оваа година настанот на тема „ТИМСКАТА РАБОТА НА ИНСТРУМЕНТАРКИТЕВО КАДАВЕРИЧНАТА ТРАНСПЛАТАЦИЈА“ се одржа во ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ - Скопје.
Види детали

Тагови

Архива на вести