80 години од ослободувањето на град Куманово: Активности на хуманитарното друштво при ЗМСТАС „ЗА НАС“

Почитувани, ве известуваме дека по повод Денот на ослободување на градот Куманово, вовој викенд, на 10ти ноември, Хуманитарното друштво при Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“, а под покровителство на градот Куманово, организираше хуманитарни активности каде нашите медицински сестри од Општата болница и Здравствениот Дом во Куманово бесплатно понудија мерење на крвен притисок и мерење на гликемиски индекс односно шеќер во крвта.




 
Во склоп на овој настан, во просториите на кружната сала на Комитетот нашиот долгогодишен пријател и соработник, проф. д-р Нико Беќароски одржа и предавање од областа на превенирање на здравјето преку здравственото воспитување за правилно користење на лекарствата и суплементите.



На отворената трибина особена чест ни приреди и присуството на градоначалникот на град Куманово, м-р Максим Димитриевски.








 

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА ВТОРИОТ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ - ИНСТРУМЕНТАРКИ ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“
02.12.2024
Оваа година настанот на тема „ТИМСКАТА РАБОТА НА ИНСТРУМЕНТАРКИТЕВО КАДАВЕРИЧНАТА ТРАНСПЛАТАЦИЈА“ се одржа во ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ - Скопје.
Види детали

Тагови

Архива на вести