ПРВ КОНГРЕС НА ЗЗР - ЛОЗНИЦА: Предизвиците на сестринската професија - каква е нашата иднина

Почитувани, ве известуваме дека Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медиицнски сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ минатиов викенд беше учесник на Првиот Национален Конгрес со меѓународно учество организиран од Здружението на здравствени работници Лозница и Здружението на стоматолошки медицински сестри од Србија. 


 
Конгресот со наслов „Предизвиците на сестринската професија - каква е нашата иднина“ беше акредитиран од Здравствениот совет на Србија и се одржа во Здравствениот дом Лозница, Србија од 31 октомври до 03 ноември 2024 година.
 
Од здружението на здравствени работници – Лозница велат дека конгресот е идеална можност за промовирање на сестринството, но и на нивното Здружение, со можност пред учесниците да се претстават целите, мисијата, визијата, програмските активности и значењето на Здружението.



Конгресот со свои говори свечено го отворија претседателот на ЗРЛ – Раденка Цираковиќ, и претседателот на ЗСМС – Живка Маџиќ.
 
Претседателот на Унијата и нашето здружение, сестра Гордана Бешлиовска беше дел од почесниот одбор на овој конгрес и со своето предавање на тема „Работни задачи и компетенција на здравствена нега“ даде голем придонес во програмата на континуирана едукација.



Покрај овие активности Унијата и ЗМСТАС „ЗА НАС“ како член на Балканската асоцијација на медицински сестри – БАМС беше вклучена и на “тркалезната маса“ на тема: „Вистинско време да се иницираат промени во медицинската сестра“.

Свое предавање имаше и Проф. Д-р Нико Беќаровски од УК Токсикологија на тема: „Хепатотоксичност на хербални суплементи и модерен диетски режим на исхрана“.



 
Во завршната фаза на конгресот беше организирана и панел дискусија на тема: „Специјализираните медицински сестри ја зајакнуваат безбедноста на пациентите“. Модератор на оваа дискусија беше Ведрана Вајзовиќ, ЕСНО, Малме Шведска а во составот на учесници се вбројуваа: Адријано Фригановиќ, ЕСНО, ХДМСАРИСТ Хрватска, Раденка Ќираковиќ УЗРЛ, Србија, Душица Биочанин УКЦ Србија, Марина Ахметбеговиќ ПУЛС во БиХ, Гордана Бешлиовска, ЗМСТАС - ЗА НАС Северна Македонија, Антон Џастин, болница во заедницата, Јасенице, Словенија, Миљан Шќекиќ, НУМСИБ Црна Гора, и Митар Совељиќ Црна Гора.


 
Од името на Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС“ упатуваме честитка до организаторите за успешно завршениот прв конгрес и придонесот кон сестринската професија во регионот.


 

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА ВТОРИОТ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ - ИНСТРУМЕНТАРКИ ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“
02.12.2024
Оваа година настанот на тема „ТИМСКАТА РАБОТА НА ИНСТРУМЕНТАРКИТЕВО КАДАВЕРИЧНАТА ТРАНСПЛАТАЦИЈА“ се одржа во ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ - Скопје.
Види детали

Тагови

Архива на вести