ЗМСТАС „ЗА НАС“ ДЕЛ ОД ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ЕСНО

Почитувани Ве известуваме дека во текот на вчерашниот ден беше одржано генерално собрание со членовите на Европската организација на сестри специјалисти (ESNO).

Собранието се одржа on-line каде меѓу сите членови беше и нашиот претставник, сестра Гордана Бешлиовска која во своето излагање ги истакна тековните активности на Унијата и здружението.
 

„Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението „ЗА НАС“ како дел од Европската организација на сестри специјалисти активно се вклучува во сите проекти и стратегии за сестринската професија кои беа презентирани на собранието. Задоволни сме од квалитетната дискусија и големите идеи кои оваа организација планира да ги развива во иднина.“ – изјави сестра Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“.

Пребарување

Категории

Актуелно

ЗМСТАС „ЗА НАС“ СО АКТИВНО УЧЕСТВО НА РЕГИОНАЛНИОТ СИМПОЗИУМ ЗА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ТЕХНИЧАРИ ВО БЕЛГРАД
24.6.2025
Со вакви активности и регионални вмрежувања, здружението „ЗА НАС“ продолжува да го гради својот професионален пат, посветено и со визија за сестринство што чекори со современите текови и ги гради подобрите времиња – сега, кога нашето време е тука.
Види детали

Тагови

Архива на вести