БЛАГОДАРНИЦА ЗА ЗМСТАС „ЗА НАС“: ХУМАНИТАРНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА „СВ. СПАС“ ПРОСЛАВИ 9 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Почитувани, ве известуваме дека Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ беше дел од прославата на хуманитарната организација „Свети Спас“, која е хуманитарна организација на Скопската Православна Епархија,  и прослави 9 години од своето постоење.





Делегацијата предводена од претседателот сестра Гордана Бешлиовска и координаторите Емилија Наумовска и Илија Милошевски ја прими и благодарницата од х.о Свети Спас во име на меѓусебната поддршка и соработка.

„Нашата организација има направено неверојатни дела во текот на годините, помагајќи на многу луѓе преку секојдневните акции кои ги спроведуваме. Со својата посветеност и труд, Х.О. Свети Спас има нахрането илјадници луѓе, обезбедувајќи им топли оброци и неопходна поддршка. Во текот на овие 9 години, организацијата има изградено и реновирано многу домови за оние кои на кои им било најпотребно. Овие домови не се само место за живеење, туку и симбол на надеж и нов почеток за многу семејства. Со секојдневната дистрибуција на готова храна, Х.О. Свети Спас успева да нахрани околу 250 луѓе дневно, обезбедувајќи им топол оброк и утеха во тешки времиња. Голема благодарност и до донаторите кои го овозможуваат целото ова прекрасно дело. Без нивната поддршка и великодушност, не би било можно да се спроведат сите овие активности и да се помогне на толку многу луѓе. Донаторите играат витална улога во остварувањето на хуманитарните активности и за тоа се заслужуваат најискрени благодарности.“ – изјави отец Оливер Петровски.




Х.О. Свети Спас продолжува да биде светлина во темнината за многу луѓе, и со посветеност и труд од сите нас, сигурно ќе продолжиме да правиме разлика во животите на оние кои се во потреба. Ова е само мал потсетник дека со заеднички напори можеме да го направиме светот подобро место за живеење.

Настанот беше збогатен со настап на Културно Уметничкото Друштво „Гоце Маркоски“.


 

Пребарување

Категории

Актуелно

НАСТАН НА „ЕСНО“ ВО БРИСЕЛ: ФОРМИРАЊЕ НА ИДНИНАТА НА ЗДРАВСТВЕНАТА НЕГА
14.1.2025
Со учеството на ЕСНО, овој настан ги потенцира виталните придонеси на медицинските сестри во изградбата на одржливи здравствени системи и се фокусира на нивната клучна улога во обезбедувањето на висококвалитетна здравствена нега во цела Европа.
Види детали

Тагови

Архива на вести