ПРИЛЕП: ДОНАЦИСКИ БАЗАР „СЕСТРИТЕ ЗА СЕСТРИТЕ“

Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението „ЗА НАС“ ве поканува да присуствувате на донацискиот базар „Сестрите за сестрите“ кој ќе се одржи на 1 јуни 2024 година во 12 часот кај Градскиот саат во Прилеп.

Програмските цели на Хуманитарното друштво при ЗМСТАС „ЗА НАС“ започнаа пред Божиќ со медицинските сестри од патронажата, низ донациите за бездомните и социјално загрозените лица, продолжувајќи со хуманитарниот донациски базар кој беше организиран во текот на чествувањето на Меѓународниот ден на медицинските сестри и традиционалната Свечена академија.

Нашите активности во оваа хумана насока продолжуваат, па токму сега, на Светскиот ден на детето, го организираме овој хуманитарен базар за помош на нашите колешки и нивните деца, за кои се потребни средства за лекување со порака да допринесеме за уште две детски насмевки.

Од особено значење ќе биде вашето присуство на настанот и можноста да допринесете за хуманитарната акција.

 
ХУМАНИТАРНО ДРУШТВО ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“

Пребарување

Категории

Актуелно

СО ПРЕДВИДЕНИТЕ ВРАБОТУВАЊА НА 300 ДОКТОРИ, ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ ПРЕДВИДУВААТ ОД 600 ДО 900 НОВИ ВРАБОТУВАЊА НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ
26.7.2024
По вчерашната објава на министерот Таравари дека oваа година во буџетот ќе се предвидат нови вработувања за 300 доктори, напоменуваме дека според светските здравствени стандарди императивно ќе биде потребно и вработување на нови 600 до 900 медицински сестри и техничари, согласно законскиот сооднос 1:3.
Види детали

Тагови

Архива на вести