СЕ ОДРЖА ПРВИОТ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ЗА ГЕРИЈАТРИСКО-ПАЛИЈАТИВНА ГРИЖА ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“

Почитувани, минатиот четврток се одржа првиот симпозиум на Друштвото на медицински сестри за геријатриско-палијативна грижа при ЗМСТАС „ЗА НАС“ на тема „Нови перспективи во геријатријата и палијативата“.



Настанот се одржа во Скопје, Кинотека на Македонија, во присуство на голем број медицински сестри и техничари, соработници и добронамерници.
 
Официјалното отворање со свој говор го започна м-р Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС“.



Меѓу присутните со поздравен говор се обрати и Д-р Салија Љатиф – Петрушовска, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје.
 
 
ПОСТХУМНА ПЛАКЕТА
ЗА ОСОБЕН ПРИДОНЕС КОН СЕСТРИНСКАТА ПРОФЕСИЈА
 


Друштвото на медицински сестри за геријатриско-палијативна грижа при Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ додели и постхумна плакета за особен придонес кон сестринската професија на ДМСТ Ирена Милошевска од
 ЈЗУ СБГПМ „13 Ноември” – Скопје, најмладата медицинска сестра која својот живот го загуби за време на ковид-пандемијата.
 


 
„Среќна сум за големото присуство на првиот Симпозиум на нашето Друштво на медицински сестри-техничари за геријатриско-палијативна грижа при Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри ,,ЗА НАС“.

Би сакала да искажам голема благодарност до нашата претседателка, м-р Гордана Бешлиовска што ни овозможи да бидеме дел од ова семејство и иницираше да организираме вакви големи настани за нас сестрите.

Се разбира благодарност и до нашата директорка,  Д-р Салија Љатиф - Петрушовска која што секогаш има разбирање за потребата од едукација на нас сестрите, бидејќи само добро едуцирана сестра е бенифит, најпрвин за пациентите,па за Институцијата и секако најголем бенифит за самата сестра.

Најголема благодарност за сите вас колешки и колеги кои што со своето учество, присуство и вашата поддршка го збогативте овој наш настан.

Сосема  за крај би сакала да ја цитирам големата Флоренс Најтингел која вели: ,,Ни една сестра никогаш не треба себе да се смета за готова сестра мора да учи цел живот" – истакна сестра Анита Велкова, претседател на Друштвото на медицински сестри за геријатриско – палијативна грижа при ЗМСТАС „ЗА НАС“.


Модератори на настанот беа ДМСТ Анита Велкова, Претседател на Друштвото на мед.сестри за геријатриско-палијативна грижа при ЗМСТАС „ЗА НАС“, ДМСТ Катерина Митровска, Главна мед.сестра во ЈЗУ СБГПМ „13 Ноември“ - Скопје и МСТ Илија Милошевски, Член на извршниот одбор на ЗМСТАС „ЗА НАС“.



Со музичко матине настанот го дополни легендарниот музичар Јаков Дренковски, додека пак водител на програмата беше нашиот соработник и голем хуманист Каролина Петковска.  





Настанот беше поддржан од нашите пријатели „Ладна, “Lohmann & Rauscher” и „Тосама Трејд“.













Пребарување

Категории

Актуелно

СО ПРЕДВИДЕНИТЕ ВРАБОТУВАЊА НА 300 ДОКТОРИ, ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ ПРЕДВИДУВААТ ОД 600 ДО 900 НОВИ ВРАБОТУВАЊА НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ
26.7.2024
По вчерашната објава на министерот Таравари дека oваа година во буџетот ќе се предвидат нови вработувања за 300 доктори, напоменуваме дека според светските здравствени стандарди императивно ќе биде потребно и вработување на нови 600 до 900 медицински сестри и техничари, согласно законскиот сооднос 1:3.
Види детали

Тагови

Архива на вести