ЗАПОЧНАА АКТИВНОСТИТЕ ВО ОДНОС НА МЕЃУНАРОДНАТА НЕДЕЛА НА СЕСТРИНСТВОТО

Почитувани членови, ве информираме дека во понеделникот на 29ти април и официјално започнавме со активностите поврзани во името на Меѓународната недела на сестринството.



Имено, Со стручен настан посветен на Денот на Акушерките, ја започнавме неделата на сестринството и со тоа оддаваме почит на сестрите за хуманоста и за севкупниот придонес во општеството. Во соработка со Болница Плодност - Битола, испративме уште еден повик - мора вистински да се валоризира нивната улога која е клучна за доаѓањето на новиот живот. Акушерките даваат топлина, љубов и грижа, и нивната професија секојдневно е обоена со радост, бидејќи во нивните раце е клучот за иднината!!



Сестра Гордана Бешлиовска, при своето излагање акцентот го стави на се поголемата потреба од токму овој кадар, гинеколошко-акушерските сестри, кои изминативе години во нашата земја се со значителен пад.



Д-р Тасе Трпески, имаше свое предавање за лапараскопија и раѓање во вода.


 
Продолжуваме и понатаму да ја исполнуваме нашата благородна мисија со највисок професионализам, љубов и посветеност и безгранично да ја шириме хуманоста!!



Ве очекуваме на 10ти мај на централната прослава Свечената академија, која ќе започне со свој хуманитарен базар во 12 часот: „Сестрите за сестрите“, чија таргет група ќе бидат сестрите кои се лекуваат од малигни заболувања. А од 13 часот започнува и официјалниот дел со прогласување на 50те најхумани медицински сестри за изминатата година.




 

Пребарување

Категории

Актуелно

ЗАВРШИ ТРЕТИОТ МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ: ИМПОЗАНТНА ПОСЕТЕНОСТ НА УЧЕСНИЦИ И ПРЕДАВАЧИ
07.10.2024
Успешно заврши Третиот конгрес на медицинските сестри со меѓународно учество, кој се одржа изминатиов викенд во периодот од 4ти до 6ти октомври, на тема „Автономија на сестринството, сега и во иднина“.
Види детали

Тагови

Архива на вести