СЕ ОДРЖА 11ОТ КОНГРЕС НА „UINARS“ ВО НИШ

Почитувани, ве известуваме дека изминатиов викенд, во Ниш, се одржа 11от Конгрес со меѓународно учество на медицински сестри во организација на здружението на медицински сестри за интензивна нега, анестезија и реанимација во Србија „UINARS“.



Настанот под тема „Нови професионални перпективи“ беше подрржан од нашата Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, чија делегација ја предводеше Претседателот, м-р Гордана Бешлиовска, заедно со Илија Милошевски, член на извршниот одбор, Анита Велковска, Емилија Наумовска и Бети Гареска координатори и претседатели на друштвата при ЗМСТАС „ЗА НАС“.




 

„Задоволство ми е што имав можност да се обратам за сестринската состојба и во нашата земја, пред еден ваков голем аудиториум, и да понудам решенија во панел дискусиите. Особено ми е чест што овој пат можеме да ја истакнеме потврдатата за нашето членство на ЕСНО“ - истакна сестра Бешлиовска.




За време и на овој конгресот беа остварени средби со останатите асоцијации и здруженија од регионот и Европа.



Свое предавање на тема „Кариерен развој на сестринската професија во Србија и светот“ имаше и Доц. Адриано Фригановиќ, Претседател на Европската организација на сестри специјалисти, Претседател на Хрватскиот национален сојуз на сестри и Престедател на Хрватското друштво на медицински сестри за анестезија, реанимација, интензивна нега и трансфузија.





Пребарување

Категории

Актуелно

ЗМСТАС „ЗА НАС“ СО АКТИВНО УЧЕСТВО НА РЕГИОНАЛНИОТ СИМПОЗИУМ ЗА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ТЕХНИЧАРИ ВО БЕЛГРАД
24.6.2025
Со вакви активности и регионални вмрежувања, здружението „ЗА НАС“ продолжува да го гради својот професионален пат, посветено и со визија за сестринство што чекори со современите текови и ги гради подобрите времиња – сега, кога нашето време е тука.
Види детали

Тагови

Архива на вести