29.04 - ПРИЛЕП: СТРУЧНИ ПРЕДАВАЊА ЗА НОВИНИТЕ ВО ГИНЕКОЛОГИЈАТА И АКУШЕРСТВОТО

Почитувани, секоја година од 5ти до 12ти мај традиционално ја одбележуваме Неделата на сестринството работно и со разни активности! Заполнувајќи со денот на акушерките кои за време на породувањето стануваат партнери со идната мајка, давајќи им не само стручна рака туку и утеха!

За таа прилика ќе бидат организирани стручни предавања кои ќе се одржат во салата на Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, со почеток во 18 часот на 29.04 2024 година.

Повелете да ги проследиме новините во гинекологијата и акушерството, и напредокот кој е во интерес на сите нас!

 
Грижа за здравјето на мајките,раѓање на здрави деца,
намалување на смртноста кај новороденчињата!

Ве очекуваме!

Пребарување

Категории

Актуелно

ЗМСТАС „ЗА НАС“ СО АКТИВНО УЧЕСТВО НА РЕГИОНАЛНИОТ СИМПОЗИУМ ЗА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ТЕХНИЧАРИ ВО БЕЛГРАД
24.6.2025
Со вакви активности и регионални вмрежувања, здружението „ЗА НАС“ продолжува да го гради својот професионален пат, посветено и со визија за сестринство што чекори со современите текови и ги гради подобрите времиња – сега, кога нашето време е тука.
Види детали

Тагови

Архива на вести