СЕ ОДРЖА МЕЃУНАРОДНИОТ КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ЕСКУЛАП“ ОД РЕПУБЛИКА СРБИЈА

Почитувани, ве известуваме дека изминатиов викенд, во Златибор, се одржа Меѓународниот конгрес на медицински сестри во организација на Здружението на здравствени работници и соработници „ЕСКУЛАП“ од Република Србија, на тема „Подајте раце да победи животот“.



Претседателот на Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението "За нас", м-р Гордана Бешлиовска, заедно со член од извршниот одбор беа наши претставници на овој голем настан, каде во своето обраќање посочи за моменталниот статус, стратешките цели и сите тековни активности кои во овој момент ги работи нашето здружение.



Истотака даде осврт и став за дуалното образование на медицински сестри, потенцирајќи ја потребата од воведување на индикатор на знаење.



За време на конгресот беа остварени средби со претседатели и претставници на останатите асоцијации и здруженија од регионот и Европа меѓу кои: Доц. Адриано Фригановиќ, Претседател на Европската организација на сестри специјалисти, Претседател на Хрватскиот национален сојуз на сестри и Престедател на Хрватското друштво на медицински сестри за анестезија, реанимација, интензивна нега и трансфузија;  Претседателката на комората на здравствени работници на Р. Словенија, како и голем број на главни и одговорни медицински сестри на клиничките центри и здравствените институции.



Покрај учество на отворената трибина, панел дискусии и состаноци на округла маса, сестра Гордана Бешлиовска, како член, во име на здружението, беше дел и од големиот состанок на Управниот одбор на БАМС (Балканска Асоцијација на Медицински Сестри) кој се одржа за време на конгресот.

На овој состанок и официјално беше потврдена и објавена датата на одржување на наредната конференција на БАМС, чиј домаќин е ЗМСТАС „ЗА НАС“.


 

Четвртата конференцијата на БАМС
ќе се одржи на 15 март 2025 та година во Скопје
.

 
Традиционално и овој конгрес беше завршен со посадување садница во име на успешно одржаниот настан.

Пребарување

Категории

Актуелно

СО ПРЕДВИДЕНИТЕ ВРАБОТУВАЊА НА 300 ДОКТОРИ, ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ ПРЕДВИДУВААТ ОД 600 ДО 900 НОВИ ВРАБОТУВАЊА НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ
26.7.2024
По вчерашната објава на министерот Таравари дека oваа година во буџетот ќе се предвидат нови вработувања за 300 доктори, напоменуваме дека според светските здравствени стандарди императивно ќе биде потребно и вработување на нови 600 до 900 медицински сестри и техничари, согласно законскиот сооднос 1:3.
Види детали

Тагови

Архива на вести