СВЕТСКИ ДЕН НА БУБРЕГОТ: УНИЈАТА НА ЗМСТАС СО ПОДДРШКА КОН ЗДРУЖЕНИЕТО “НЕФРОН“

Здружението „Нефрон“' под мотото „Унапредување на пристапот до нега и оптимално лекување на бубрежно болните лица“, денеска го одбележи Светскиот ден на бубрегот.
 
Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ и овој пат го поддржа настанот на нашите долгогодишни соработници давајќи придонес кон унапредување на квалитетот на услугите и професионалноста на кадрите.
 


Светскиот ден на бубрегот се одбележува секој втори четврток од март во повеќе од 150 земји ширум светот. Кај нас се одбележува по 19-ти пат, под покровителство на Меѓународното здружение за нефрологија (ISN) и Меѓународната федерација на бубрежни фондации (IFKF).

 
На настанот се обратија претставници од институциите и одржаа стручни предавања со цел едукација на членството, но и подигнување на свеста за превенција на бубрежните болести, нивно рано откривање и изнаоѓање можности за навремен соодветен третман.

 

Според претседателот на „Нефрон“, Душко Ѓоргиев, и покрај постигнатото унапредување во пристапот и значајно подобрените услови за лекување со дијализа во земјава, како приоритет останува зголемувањето на превентивната заштита и достапноста на соодветни нови лекови за сите пациенти.

Пребарување

Категории

Актуелно

📣 ПРОДОЛЖЕН РОК ЗА АПСТРАКТИ ДО 10 АВГУСТ 2025 (4 МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ И ЕСНО КОНФЕРЕНЦИЈА)
07.7.2025
👉 Рокот за испраќање на апстракт за активно учество со сопствена презентација или стручна тема е продолжен до 10 август 2025 година.Апстрактите (до 250 зборови) се испраќаат на: aplikacija@zanas.mk
Види детали

Тагови

Архива на вести