ЗДРУЖЕНИЕТО „ЗА НАС“ ЈА НОСИ ЧЕТВРТАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БАМС ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Почитувани, ве известуваме дека изминатиов викенд се одржа Третата конференција на Балканската Асоцијација на Медицински Сестри, чиј домаќин и организатор беше здружението „Пулс“ од Босна и Херцеговина.



На тема „Вистинско време за промени во сестринството“ елаборираа претставници на сестринската професија од регионот, односно претседателите на здруженијата и сојузите, како и претставници од ресорните министерства на земјите од регионот.



Нашата делегација беше предводена од претседателот на Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС’, м-р Гордана Бешлиовска, членови на здружението ЗМСТАС „ЗА НАС“ кои се дел од сите органи во БАМС и претставник од министерството за образование, д-р Соња Славковиќ.



На самиот настан беше овозможено и линковско видео вклучување на д-р Злате Мехмедовиќ, Национален координатор за реформи за примарна заштита на СЗО во нашата земја.



Меѓу присутните свое обраќање имаше и претседателот на Европската организација на сестри специјалисти; на Хрватскиот национален сојуз на сестри и на Хрватско друштво на медицински сестри за анестезија, реанимација, интензивна нега и трансфузија, Проф. Доц. Адриано Фригановиќ.





Особена чест претставуваше и присуството на Проф. д-р Ведрана Веjзовиќ од Шведскиот универзитет за сестринство.

 

„Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ последниве години успеа да се вклучи во сите важни случувања од регионот. Како активна членка на БАМС и присуството на бројни настани овозможуваме размена на искуство и барање заедничко решавање на проблематиките со кои се носи модерното сестринство.



Нашата јавност е запознаена со тековните случувања во однос на носењето на Законот за сестринството и сите наши апелирања и притисоци кон сегашните власти за решавање на статусот на вработување, односно за исклучување на недостоинствениот договор на дело и трајно трансформирање во редовен работен однос. Секако важен ни е и едукативниот сегмент, односно да овозможиме размена на знаења со цел подигнување на нивото на професионалноста на нашите кадри.

Во таа насока важно ни е да споменеме дека остваривме контакти со многу еминентни лица од овој сектор, вклучувајќи ја и средбата со главната медицинска сестра на ВМА - Белград, со која договоривме неофицијални идни соработки.

Воедно, би сакале да истакнеме дека овој месец, нашето здружение и официјално станува дел од Европската организација на сестри специјалисти, за чии понатамошни активности дополнително ќе го информираме нашето членство.



Сите овие активности и вредното работење на Унијата и Здружението во однос на добрососедските релации придонесоа уште минатата година да бидеме номинирани за домаќини на меѓународните конференции, па сега и со задоволство можеме да соопштиме дека идната година ја носиме четвртата Балканска конференција во нашата земја.“ – истакна сестра Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС“.


 

Пребарување

Категории

Актуелно

Тагови

Архива на вести