Проширување на Унијата на ЗМСТАС: Се формираше Македонска асоцијација за стерилизација и дезинфекција (МА Стерил Дез)

Почитувани членови ве известуваме дека минатата недела, при одржувањето на вториот симпозиум на Друштвото на кардиолошки сестри при ЗМСТАС „ЗА НАС“ беше одржана и промоција на новата асоцијација која е дел од Унијата на ЗМСТАС “ со назив Македонска асоцијација за стерилизација и дезинфекција (МА Стерил Дез), која ќе работи во сферата на интрахоспиталните инфекции заедно со резистенцијата на антимикробните средства.

Во моментов тоа се едни од најактуелните теми, како во светски рамки, така и во земјите од регионот во кои спаѓа и нашата земја.

Претседател на асоцијацијата е сестра Роза Рулеска Пиличева, која минатата година воедно беше одликувана со повелбата од прв ред „Славјанка Влахчева“. Таа во својата кариера од 40 години работно искуство, како главна сестра на голема институција направи многу едукации за сестрите, одржувајќи симпозиуми и работилници. Минатата година го формираше и Друштвото на сестри - инструментарки, а работеше и на издавање на Сестринскиот весник.


 

„Во низата активности кои ги превзема нашата Унија за подобрување на професионалниот живот на медицинските сестри е и формирањето на оваа асоцијација.

Модерното сестринство ја фаворизира едукацијата како приоритет, па така медицинските сестри освен вештините во работењето и она што значи трета димензија-хуманоста, мора да покажат и исклучително знаење од оваа област.

Тоа пак значи постојано учење, усовршување на здравствените работници и финализирање со добивањето на дипломата.

Да се работи со љубов и посветеност, но да се усовршуваме во континуитет, зошто само стручно поткована медицинска сестра ќе биде ценета и прифатена во тимот.“ – истакна сестра Рулеска - Пиличева.

.



ПРОГРАМСКИ ЦЕЛИ НА МА СТЕРИЛ ДЕЗ СЕ:
 
- градење на свеста на здравствените работници за постојана едукација и следење на новините на полето на дезинфекција и стерилизација,
- организирање и спроведување на континуиранинактивности за учење и практична примена на се она што значи работа во асептични  услови,
- организирање на настани за едукација на здравствениот персонал, издавање на летоци, списанија, брошури и други печатени изданија,
- воведување на стандарди за работење,
- заштита на стручниот и професионален статус на членовите,
- организирање на курсеви, семинари и најважно школи за дезинфекција и стерилизација,
- ограничување на ризикот од болнички инфекции и обезбедување на сигурност на работно место и за болните и за персоналот со презентации на дезинфекциони средства и останата апаратура,
- изработка на протоколи и планови за работа.


 

Пребарување

Категории

Актуелно

ЗАВРШИ ТРЕТИОТ МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ: ИМПОЗАНТНА ПОСЕТЕНОСТ НА УЧЕСНИЦИ И ПРЕДАВАЧИ
07.10.2024
Успешно заврши Третиот конгрес на медицинските сестри со меѓународно учество, кој се одржа изминатиов викенд во периодот од 4ти до 6ти октомври, на тема „Автономија на сестринството, сега и во иднина“.
Види детали

Тагови

Архива на вести