ПОДДРШКА ОД ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО НА ХУМАНОТО ДРУШТВО ЗА ПОМОШ НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ

Во периодот на ковид пандемијата светот имаше можност да увиди дека сестринската професија е навистина примарната алка во здравствениот систем. Нејзиното отсуство, односно недостатокот од овој профил на работното место со години изискува согорување, а со занемарувањето на законската регулатива која ќе ја вреднува и штити оваа професија е зголемено и одлевањето, најчесто низ европските центри, каде овие проблематики се одамна решени.
 
Медицинските сестри се секогаш тука за своите пациенти и постојано го даваат својот максимум во пружањето на квалитетна здравствена услуга, но постои момент кога и на најхуманите им е потребна поддршка и помош.

Токму во таа насока, иницирани од многуте разговори со медицинските сестри ширум нашата земја и нивната потреба од помош, Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ реши да формира уште едно друштво во низата на веќе постоечките кое ќе се занимава токму со оваа проблематика.

 
Хуманото друштво за поддршка и помош на медицинските сестри при ЗМСТАС „ЗА НАС“
означува само официјализирање на се она за што таа досега и се залагаше.


Токму овој период на празнувања и потребата од разменување на љубов, солидарност и поддршка здружението сметаше дека е најсоодветен за формирање на друштво кое во преден план ќе ги стави активностите за поддршка на медицинските сестри.

архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан 
Поради тоа изминатата недела, членови на извршниот одбор на здружението, на чело со претседателот, м-р Гордана Бешлиовска беа во посета на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, бискупот на Македонската католичка црква, г-динот Киро Стојанов и поглаварот на Исламската верска заедница, г-динот Шаќир Фетаху.
 

„Целта на овие средби беше пред се да добиеме благослов и една духовна поддршка која ќе ни помогне во остварување на планираните активности. Многу сме благодарни што наидовме на една срдечна поддршка од првите луѓе на верските заедници во нашата земја, кои ќе се залагаат покрај моралната поддршка да овозможат и материјална помош во рамките на нивните можности. Се разбира би сакале јавно да се заблагодариме и на д-р Злате Мехмедовиќ чија поддршка и учество во сите наши активности неизмерно ни значи.“ – истакнаа од извршниот одбор на здружението.


 
„Ние се сплотивме заедно за да бидеме подобри“ е новиот слоган со кој Унијата се стреми и во 2024та година да ја продолжи мисијата за единство и унапредување на сестринската професија во секоја сфера, и нека ова ново формирано друштво биде заокружување на сите успешни настани и активности кои изминатава година заедно ги остваривме.



 
Подготвил:
Даниел Стојмановски
Односи со јавноста и комуникација со медиуми

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА МЕЃУНАРОДНИОТ КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ЕСКУЛАП“ ОД РЕПУБЛИКА СРБИЈА
22.4.2024
Изминатиов викенд, во Златибор, се одржа Меѓународниот конгрес на медицински сестри во организација на Здружението на здравствени работници и соработници „ЕСКУЛАП“ од Република Србија, на тема „Подајте раце да победи животот“.
Види детали

Тагови

Архива на вести