СРЕДБА СО МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ОД СПЕЦИЈАЛИЗИРАНАТА БОЛНИЦА ПО ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО „Д-Р ОРГАНЏИСКИ“ ОД ШТИП

Почитувани членови Ве известуваме дека во текот на вчерашниот ден преставници од Унијата на ЗМСТАС предводени од ЗМСТАС „ЗА НАС“ имаа средба со медицинските сестри од специјализираната болница по гинекологија и акушерство „Д-р Органџиски“ од Штип.

Оваа посета е само дел од континуираните настани од овој тип која Унијата редовно ги реализира, а се во насока на меѓусебни соработки, проекти и едукација.



Под мотото „Ние се обединивме за да бидеме заедно подобри“ очекувајте наскоро афирмирање на заедничките активности, со цел унапредување на квалитетот на сестринската професија во нашата земја.

Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ искажува јавна благодарност за поканата и желбата за постигнување заеднички цели на целиот менаџерски тим од специјализираната болница на чело со главната сестра Катерина Шаклева.


 

Пребарување

Категории

Актуелно

ЗМСТАС „ЗА НАС“ СО АКТИВНО УЧЕСТВО НА РЕГИОНАЛНИОТ СИМПОЗИУМ ЗА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ТЕХНИЧАРИ ВО БЕЛГРАД
24.6.2025
Со вакви активности и регионални вмрежувања, здружението „ЗА НАС“ продолжува да го гради својот професионален пат, посветено и со визија за сестринство што чекори со современите текови и ги гради подобрите времиња – сега, кога нашето време е тука.
Види детали

Тагови

Архива на вести