КОНЕЧНО НА ДНЕВЕН РЕД ЕДЕН ОД МНОГУТЕ ПРОБЛЕМИ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ

Почитувани, по изјавите на министерот за здравство кој истакна дека конечно ќе предложи промена на статусот „договор на дело“ на следната седница на владата, Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ апелира дека не е потребна само промена туку е повеќе да не постои ваков статус на договор, а да се продолжи со  имплементирање на континуирани конкурси и вработувања, за да нема и во иднина вакво деградирање на нашата професија.
 
ДОГОВОР НА ДЕЛО КОЈ ТРАЕ СО ГОДИНИ

Гласот кој води и со години апелира и поттикнува на промени повторно прашува
дали е ова е трошка надеж за медицинските сестри?
Дефинитивно за нас, сестрите, потребен е целосен системски ресет, започнувајќи од образованието.
За многу нешта се тешиме со случувањата од регионот, но за нас тука утеха нема, бидејќи главното прашање е што треба да заклучиме после десетина години барања за промена на овој статус?
Особено што две години со истиот статус сестрите ја поминаа и пандемијата со ковид.

„Функционирањето на авторската агенција, при што секој истечен договор се обновува со нов, или пак нема да се обвнови воопшто, а притоа со нови конкурси се вработуваат нови лица однадвор, направи една комфорна зона за менаџментот, при што се дозволи хиперпродукција во образованието, вработување на партиски послушници, а “договорот на дело“ послужи како алатка за сигурно вработени но, деградирани и дестимулирани медицински сестри.

Оваа социјална категорија на медицински сестри е конечно на дневен ред, но поважно е да се запрашаме дали ќе се промени овој стаус, и ако се промени дали истиот повеќе нема да постои? Или сите овие медицински сестри кои со години работеле во болниците за 12-15 илјади денари ќе бидат сега условени со награда за вработување? Дали со оваа промена ќе биде запишан нивниот минатогодишен труд и дали ќе биде решен недостатокот на медицински сестри? За жал не, одговорот веќе го знаеме, тие веќе се вбројуваат во онаа бројка преку која истакнуваме дека има недостаток од персонал.
Во болниците важно е да се регулира нивниот работен стаж, годишните одмори, слободните и вишок часови, инфективни додатоци, согорувањето...

Промената од договор на дело во статус вработен не е доволно. Зарем нивниот труд во изминатите години ќе биде залуден и нивното досие ќе остане празно?

Во Европа и регионот се работи на профилирање и синхоринизирање на квалификациите на сестрите. На пример, во интензивните неги не може да работи медицинска сестра без соодветна специјализација. За жал, кај нас ние не им го признаваме образованието, не ги препознаваме по специјализација и не ги плаќаме по договорност сестрите со ССС.“ – изјавија од извршниот одбор на Унијата предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“.


Сестрите одамна се со незавиден социјален статус, а Унијата константно се бори да се промени овој статус, но со претходен системски ресет во сестринството во однос на образованието, поттикнувањето на академските студии, донесувањето на законот за сестринство,  формирање на комора, процес на лиценцирање, имплементација на ЗЗЗ во здравствената политика, формирање на сектор за сестринството во министерството за здравство односно онаму каде се носат одлуките, донесување на бенефиции за сестрите, плата по одговорност и еднаква можност за едукација и образование.
 
ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ СО ВАКОВ СТАТУС НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ
Е НА „СТАКЛЕНИ НОЗЕ“

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА ВТОРИОТ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ - ИНСТРУМЕНТАРКИ ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“
02.12.2024
Оваа година настанот на тема „ТИМСКАТА РАБОТА НА ИНСТРУМЕНТАРКИТЕВО КАДАВЕРИЧНАТА ТРАНСПЛАТАЦИЈА“ се одржа во ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ - Скопје.
Види детали

Тагови

Архива на вести