ДЕНОВИ НА ЕДУКАЦИЈА - ЛОЗНИЦА 2023

Почитувани членови ве известуваме дека Здружението на здравствени работници од Лозница, чиј претседател е Раденка Ќирковиќ, која воедно е долги години главна медицинска сестра на болницата Лозница, а сега главна сестра на интерното одделение на таа установа, беше домаќин на професионалните здруженија од сите земји од Балканотм големиот настан „Денови на едукација“ во чиј склоп беа организирани конгрес и конференција на медицинските сестри од целиот Балкан.

Овој собир го организираше Балканското здружение на медицински сестри, каде учествуваа и повеќе од 30 предавачи од различни области во медицината. 

Покрај теоретските предавања, колеги и професори од Македонија, д-р Тасе Трпчевски и Надица Нешковска од Болница „Плодност“ презентираа видеа од гинеколошка операција и породување во када.


Меѓу нашите преставници, во тим од 12 учесници, беше и претседателката на Унијата предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, м-р Гордана Бешлиовска која активно учествуваше во деновите на едукација со свое поздравно обраќање и тема. 

“Искажуваме голема благодарност за прекрасниот дочек и одличната организација во текот на овие денови на едукација. Заинтересираноста за работилниците од овој тип кои се организираат во целиот регион покажуваат дека ние, медицинските сестри сме подготвени и желни за унапредување на нашата професија.“



Здружението на итни медицински техничари од Сараево, заедно со колегите од Итната помош во Лозница, изведоа вежба за обезбедување на кардиопулмонална реанимација. Позицијата на медицинските сестри во институциите, нивната важност, условите во кои работат, нивното образование и обука, беа само дел од темите на овој собир кој се одржа во прекрасна и незаборавна атмосфера. 



Балканските сестри, учесници на овој голем собир, заеднички засадија дрво во Лозница, со поддршка на градската власт, во знак на сеќавање на нивната работа и дружба.

Незаборавно беше предавањето на прекрасниот загрепски новинар, социолог, правник, теолог и филозоф Влада Чутура, голем експерт за здравство, кој зборуваше за важноста на комуникацијата меѓу здравствениот персонал и пациентите.




 

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА ВТОРИОТ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ - ИНСТРУМЕНТАРКИ ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“
02.12.2024
Оваа година настанот на тема „ТИМСКАТА РАБОТА НА ИНСТРУМЕНТАРКИТЕВО КАДАВЕРИЧНАТА ТРАНСПЛАТАЦИЈА“ се одржа во ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ - Скопје.
Види детали

Тагови

Архива на вести