ПРВАТА НАУЧНА БАЛКАНСКА КОНФЕРЕНЦИЈА: „РАЗВОЈОТ НА ОБРАЗОВАНИЕТО НА СЕСТРИНСКАТА ПРОФЕСИЈА НА БАЛКАНОТ“

Во периодот од 02.11 до 05.11.2023 година се одржа Првата научна Балканска конференција на тема: „Развојот на образованието на сестринската професија на Балканот“, во организација на Високата стручна школа „Медика“ од Белград. Овој настан беше организиран во Лозница - Тршич, со помош од страна на Здружението на здравствени работници - Лозница.

Со свој говор конференцијата ја отворија основачот на ВСШ „Медика“, г-динот Душан Цогољевиќ и главната сестра на ОБ “Лозница“, која воедно е член и на извршниот одбор на БАМС, сестра Раденка Цирковиќ.



На самиот настан, претседателот на Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, м-р Гордана Бешлиовска, која присуствуваше и како член на извршниот одбор на Балканската Асоцијација на Медицински сестри, имаше свое излагање со презентација на тема „Трновитовиот пат кон академска кариера - Образoванието на сестринската професија во Северна Македонија“.


Покрај формалното образование, како главна тема на оваа конференција, на округлата маса пак беа застапени и прашањата за начинот на кој може да се гради академска кариера во сестринството, нострификација на дипломите во Европската Унија, усогласување на наставниот план и програма на ниво на сите републики, можностите за преквалификација и значењето на практичната настава со сите свои недостатоци, можности и предности.











Целта на оваа конференција беше да се направат размена на искуства во областа на образованието, да се идентификуваат проблематиките во однос на примена на стекнатите знаења во здравствениот систем, како и донесување на заеднички став за можностите преку кои би можеле да делуваат за решавање на овие точки.




 

Пребарување

Категории

Актуелно

ЗМСТАС „ЗА НАС“ СО АКТИВНО УЧЕСТВО НА РЕГИОНАЛНИОТ СИМПОЗИУМ ЗА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ТЕХНИЧАРИ ВО БЕЛГРАД
24.6.2025
Со вакви активности и регионални вмрежувања, здружението „ЗА НАС“ продолжува да го гради својот професионален пат, посветено и со визија за сестринство што чекори со современите текови и ги гради подобрите времиња – сега, кога нашето време е тука.
Види детали

Тагови

Архива на вести