СЕСТРА ЕЛИЗАБЕТА НАСТЕСКА Е ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „3-ТИ НОЕМВРИ“

Почитувани членови би сакале да Ве известиме за успехот на нашата колешка, сестра Елизабета Настеска, која работи во ПЗУ „Др - Гордана Јаневска“ во Прилеп.



Имено, на Свечена седница на Советот на Општина Прилеп, по повод „3-ти Ноември“, Денот на ослободувањето на Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ на свечена церемонија беа доделени 3-то ноемвриските признанија и награди на поединци, асоцијации и компании кои дале свој придонес во општественото живеење и развој на Прилеп.

Меѓу добитниците, заслужена награда доби и сестра Настеска за совесно работење во службата.

 

„Мојот животен сон започна далечната 2007 година, и оттогаш цели 15 години  се стремам за доброто на оваа професија. Најпрвин како младински координатор во цвениот крст во Охрид, а потоа и во делот на здравствено-воспитната дејност во Охрид, како член на кооринативното тело за болести на зависност и заразни заболувања.

Оваа година на 12ти мај на Меѓународниот ден на сестринството, на свечената академија во организација на Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ го добив престижното признание за најхумана сестра која дала свој придонес во сестринската професија во нашата земја, и за мене претставува само поттик за понатамошни успеси во името на оваа прекрасна професија.“ - истакна сестра Елизабета.





Таа е и првата Македонка чиј едукативен текст посветен на Флоренс Најтингејл и Годината на сестринството (2020) е објавен на официјалната страна на Меѓународниот совет на медицински сестри).

Прочитајте повеќе тука.





 

Пребарување

Категории

Актуелно

НАСТАН НА „ЕСНО“ ВО БРИСЕЛ: ФОРМИРАЊЕ НА ИДНИНАТА НА ЗДРАВСТВЕНАТА НЕГА
14.1.2025
Со учеството на ЕСНО, овој настан ги потенцира виталните придонеси на медицинските сестри во изградбата на одржливи здравствени системи и се фокусира на нивната клучна улога во обезбедувањето на висококвалитетна здравствена нега во цела Европа.
Види детали

Тагови

Архива на вести