ЗАВРШИ СЕДМИОТ НАЦИОНАЛЕН КОНГРЕС ВО СРБИЈА: ИСТОРИЈАТ НА СЕСТРИНСТВОТО

Изминатиот викенд, во периодот од 21ви до 23ти септември 2023 година се одржа седмиот национален Конгрес со меѓународно учество во Република Србија. Настанот се одржа во Белград во организација на Здружението на медицински сестри и техничари „Сестринство“.



Историјатот на сестринството низ праксата, работата на стручните организации и образованието беа само дел од темите кои се провлекуваа низ овој конгрес.



Делегација од нашето здружение, меѓу кои и претседателот на Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, сестра Гордана Бешлиовска беа почесни гости кои присуствуваа и со свој говор на свеченото отворање на тема „Историја на сестринството во Македонија“.



„Овој конгрес е прилика да се вратиме на минатото, да учиме за историјата, да шириме знаења за корените на нашата професија и нејзините почетоци, за падовите, но и за успесите“ - истакнаа од организацискиот одбор на конгресот.

МАРИЈА ГАЛИЧ (Претседател на УМСТ „Сестринство) / Гордана Бешлиовска (Претседател на Унија на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС“) / Јулијана Маџовска (Извршен одбор на ЗМСТАС „ЗА НАС“)



 

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА ВТОРИОТ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ - ИНСТРУМЕНТАРКИ ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“
02.12.2024
Оваа година настанот на тема „ТИМСКАТА РАБОТА НА ИНСТРУМЕНТАРКИТЕВО КАДАВЕРИЧНАТА ТРАНСПЛАТАЦИЈА“ се одржа во ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ - Скопје.
Види детали

Тагови

Архива на вести