ИНФО: ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ЗА ВТОРИОТ КОНГРЕС СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО

Почитувани членови, бидејќи во тек е регистрацијата за учество на вториот меѓународен Конгрес, кој во организација на Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ ќе се одржи во периодот од 13ти до 15ти октомври 2023 година во хотел „Дрим“, Струга, ве информираме дека ќе биде организиран и превоз за сите учесници кои поаѓаат од Скопје.
 

Автобусот ќе тргнува на 13.10.2023 (ПЕТОК) во 10:30 часот,
на паркингот спроти EAST GATE MALL (Скопје).
Враќањето е испланирано за 15.10.2023 (НЕДЕЛА) во 12 часот,
пред хотел „Дрим“ во Струга.


*Повратниот билет чини 500 денари, за кој е потребно да се направни претходна резервација на 071 23 13 91 (Оле Каљошева).

 
ВАЖНО: РЕЗЕРВАЦИИТЕ ДА СЕ НАПРАВАТ НАЈДОЦНА ДО 11.10.2023
(Поради големиот интерес здружението ќе направи напори да се организира и втор автобус како би искочиле во пресрет на сите учесници)


** Ве замолуваме доколку од било која причина го откажувате превозот навремено да го известите лицето задолжено за резервација. 

Ви благодариме.


 

Пребарување

Категории

Актуелно

📣 ПРОДОЛЖЕН РОК ЗА АПСТРАКТИ ДО 10 АВГУСТ 2025 (4 МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ И ЕСНО КОНФЕРЕНЦИЈА)
07.7.2025
👉 Рокот за испраќање на апстракт за активно учество со сопствена презентација или стручна тема е продолжен до 10 август 2025 година.Апстрактите (до 250 зборови) се испраќаат на: aplikacija@zanas.mk
Види детали

Тагови

Архива на вести