ДЕВЕТТИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН КОНГРЕС НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ПУЛС“ ВО БиХ: ПРОФЕСИЈАТА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ БИЛА И ОСТАНУВА МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД СОЦИЈАЛЕН СТАТУС

Почитувани членови, ве известуваме дека изминатиов викенд делегација од нашето здружение предводена од претседателот м-р Гордана Бешлиовска, членови на извршниот одбор и координатори на Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ учествуваа на деветиот Конгрес на медицински сестри во организација на здружението „Пулс“ од Босна и Херцеговина.



ЛУЃЕ ПРЕД РАБОТАТА И ВРЕМЕТО: ПРОФЕСИЈАТА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ БИЛА И ОСТАНУВА МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД СОЦИЈАЛЕН СТАТУС

Да се ​​биде здравствен работник не е само работа, туку и вокација со благородна цел да се грижиш за другите. Најмалку што можат да добијат за возврат е признат статус во општеството и материјалните услови што го придружуваат...



(БИХАЌ, 9 септември) Во минатото професијата медицинска сестра или техничар била препознаена и почитувана поради самата важност на оваа професија. Ситуацијата е значително поинаква денес. Со полоши услови за работа и поголема одговорност, здравствените работници многу често се изложени на притисок, но не и на правилен однос на самите пациенти. Кога на тоа ќе се додаде и непризнавањето на стекнатиот степен на образование на коефициентот на плата, логично е дека според статистичките бројки, најбројните професии заминуваат на подобри услови за работа и повисоки плати.“



Претставниците на Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ како рамноправна членка на БАМС имаа свое обраќање во пленарниот дел при отворањето на конгресот, како и во текот на стручните предавања при панел дискусиите каде акцент се стави на стратешките цели: Признавање на уверенијата во целиот регион, хиперпродукцијата на кадар и забрана за преквалификација, воведување на здравствено воспитување, признавање на образовованието и промена на образовните програми.

„Конгресот беше идеална можност за промоција на сестринството, но и на нашите здруженија, односно можност на учесниците да им се претстават целите, мисијата, визијата, програмските активности и значењето на соработките помеѓу членките на Балканската Асоцијација на Медицински Сестри. Конгресот беше идеална можност за размена на секојдневните мислења, практичните искуства, воспоставување нови познанства и идни меѓусебни соработки.“ - истакнаа од одборот на Унијата.





 

Пребарување

Категории

Актуелно

Тагови

Архива на вести