Гордана Бешлиовска: Здравствениот систем пред пензија

Во вчерашното интервју за ТВ Алфа сестра Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ зборува за македонското здравство кое оди во пензија. Системот веќе се соочува со недостаток на кадар, проблем кој само ќе се влошува со целокупниот здравствен систем.
 

Ситуацијата не е подобра особено кога станува збор и за медицинските сестри, техничари и останатиот медицински персонал. И нивното знаење и искуство се почесто ќе го добиваат пациентите надвор од Македонија или пак во приватните здравствени установи, а и таму наскоро ќе нема кој и на кого да го пренесе знаењето.

-Кога сакаме да зборуваме за миграција и одливањето на сестрите не можете да зборувате само за одлевањето на сестрите во соседните земји и регионот по подобри услови . Ние имаме ситуација на нарушено достоинство по основ на непланетни ,непризнаени, непрепознаени . Едноставно незадоволни од општествениот статус. Тоа е 4 „Н“ кое ние го Унијата го викаме како основни причини поради кои сестрите си заминуваат во странство и масовно сега заминуваат во пензија, бидејќи со еден времен закон за време на ковидот беше забрането да се змаинува во пензија и сега сите кои што ги остварија можностите за пензионитање, оваа година повеќе од 80 сестри се пензионитра, вели Гордана Бешлиоска – претседател на Унија на здруженија предводени од здружението на медицински сестри, техничари, акушери и стоматолошки сестри „За нас“.


 




Подготвил:
Даниел Стојмановски
Односи со јавност и комуникација со медиуми
ЗМСТАС - ЗА НАС

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА ВТОРИОТ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ - ИНСТРУМЕНТАРКИ ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“
02.12.2024
Оваа година настанот на тема „ТИМСКАТА РАБОТА НА ИНСТРУМЕНТАРКИТЕВО КАДАВЕРИЧНАТА ТРАНСПЛАТАЦИЈА“ се одржа во ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ - Скопје.
Види детали

Тагови

Архива на вести