ЗМСТАС - ЗА НАС СТАНА ОФИЦИЈАЛЕН ЧЛЕН НА БАЛКАНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕДИЦИСКИ СЕСТРИ (ВТОРА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БАМС)



Овој викенд во Бања Лука се одржа втората конференција на Балканската Асоцијација на Медицински Сестри (БАМС) кадешто учествуваа земјите од регионот, заедно со претставници од ресорните министерства за здравство и образование. Темата на овогодинешната конфереција гласеше: „Нашиот пат кон Европската Унија“.


 
Во владата на Р.Српска со интонирање на Македонската химна и во присуство на претставниците од ресорните министерства на БиХ, Р.Српска, Р.Србија, Словенија и Р.С.Македонија, ЗМСТАС-ЗА НАС потпиша меморандум со што стана полноправен член на БАМС.
Ова е голем успех за нашето современо сестринство и голем исчекор на патот за ЕУ каде професијата на медицинските сестри е една од шестте регулирани професии со европска директива!




Подготвил:
Даниел Стојмановски
Односи со јавност и комуникација со медиуми
ЗМСТАС - ЗА НАС

Пребарување

Категории

Актуелно

ЗМСТАС „ЗА НАС“ СО АКТИВНО УЧЕСТВО НА РЕГИОНАЛНИОТ СИМПОЗИУМ ЗА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ТЕХНИЧАРИ ВО БЕЛГРАД
24.6.2025
Со вакви активности и регионални вмрежувања, здружението „ЗА НАС“ продолжува да го гради својот професионален пат, посветено и со визија за сестринство што чекори со современите текови и ги гради подобрите времиња – сега, кога нашето време е тука.
Види детали

Тагови

Архива на вести