СЕ ОДРЖА ВТОРИОТ СТРУЧЕН СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА ПАТРОНАЖНИТЕ СЕСТРИ ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Во присуство на стотина медицински сестри и соработници од целата земја вчера се одржа вториот стручен Симпозиум на Друштвото на патронажни сестри при Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“.



На тема „Рана детекција и интервенција кај проблематична употреба на интернет“ предавачи беа д-р. мед. науки Александар Сајковски и дип.мед.техничар Мирјана Трајановска.

“Одржувањето на настани од ваков карактер се со круцијално значење за нашата професија и затоа Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС - ЗА НАС во својата стратегија ќе се залага за надополнување на оваа служба, која е неопходна.

Според неофицијалните податоци просечната старосна граница кај патронажните сестри е 55 години, а воедно се соочуваме и со голем дефицит.

Потребно е да реагираме веднаш, и додека се уште на своите работни позиции се искусните професионалци да се искористи нивното знаење за обучување на нови медицински сестри со што ќе се зајакне и овој сегмент од здравствениот систем.“ - истакнуваат од извршниот одбор на здружението.

 

Настанот беше поддршан од фармацевтската компанија „EWOPHARMA“.

Пребарување

Категории

Актуелно

📣 ПРОДОЛЖЕН РОК ЗА АПСТРАКТИ ДО 10 АВГУСТ 2025 (4 МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ И ЕСНО КОНФЕРЕНЦИЈА)
07.7.2025
👉 Рокот за испраќање на апстракт за активно учество со сопствена презентација или стручна тема е продолжен до 10 август 2025 година.Апстрактите (до 250 зборови) се испраќаат на: aplikacija@zanas.mk
Види детали

Тагови

Архива на вести