УНИЈАТА ИНИЦИРА СОСТАНОК СО ССМ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ДОГОВОРИТЕ

Почитувани членови,

Ве известуваме дека во текот на утрешниот ден ќе се одржи состанок на претставниците на здруженија на здравствените работници, претставници на гранковиот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и претставници од министерството за здравство со дневен ред:

1. Барање за решение за покачување на коефициентите на здравствените работници со средна стручна спрема;

2. Барање за целосна имплементација на анекс договорот од јули 2021 година со кој е предвидено признавање на високото образование и соодветна систематизација во здравствените установи на здравствените работници кои имаат завршено високо образование до јули 2021;

3. Барање да се изнајде целосно и генерално решение за признавање на високото образование на сите здравствени работници кои дипломираат по јули 2021 година и

4. Барање за прогресивна систематизација за здравствените работници кои завршуваат специјализација.


Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „За нас“ и овој пат е иницијатор и медијатор на овој состанок со кој сака да поттикне изнаоѓање на соодветни долгорочни решенија кои се од круцијална важност за вреднувањето на трудот на здравствените работници, наспроти досегашните времени и импровизирани решенија кои се уште не се целосно имплементирани.

Пребарување

Категории

Актуелно

СТРАТЕГИИ И ЦЕЛИ НА БАМС ЗА 2023
27.3.2023
Со потпишувањето на меморандумот за полноправно членство на Балканската Асоцијација на Медицински Сестри, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС - ЗА НАС ги усогласи своите стратегии и цели за 2023 година заедно со останатите земји од регионот.
Види детали

Тагови

Архива на вести