ДА ПРОДОЛЖИМЕ ЗАЕДНО НА НАШИОТ ПАТ КОН УСПЕХОТ.“

Американската амбасада во нашата земја продолжува со низа настани посветени на медицинските сестри кои работеа и се грижеа за пациентите за време на терористичките напади, во борбените зони, за време на природните катастрофи, а особено сега, во текот на пандемијата од КОВИД-19. Денес тие ја истакнаа нашата колешка Милка Карајановска - главна медицинска сестра во Градската општа болница „8-ми Септември“. Ова е она што таа го кажа за тоа како COVID-19 влијаеше врз неа и нејзината работа:

„СЗО ја прогласи 2020 година за година на медицински сестри и акушерки, година за одбележување, за да го сврти вниманието на светот кон многуте улоги и придонеси на медицинската сестра во глобалниот здравствен систем. Беше неочекувано оваа година да донесе меѓународна криза во која медицинските сестри се први на фронтот. Медицинските сестри се соочуваат со многу предизвици. Обезбедување на неопходна психолошка поддршка за пациентите, како и за семејствата на пациентите, за колегите, за нивните семејства, па дури и за самите нив беше особено предизвик. Сакам да им кажам БЛАГОДАРАМ на сите медицински сестри за нивната храброст, посветеност и професионалност. Да продолжиме заедно на нашиот пат кон успехот.“

Пребарување

Категории

Актуелно

ЗМСТАС „ЗА НАС“ СО АКТИВНО УЧЕСТВО НА РЕГИОНАЛНИОТ СИМПОЗИУМ ЗА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ТЕХНИЧАРИ ВО БЕЛГРАД
24.6.2025
Со вакви активности и регионални вмрежувања, здружението „ЗА НАС“ продолжува да го гради својот професионален пат, посветено и со визија за сестринство што чекори со современите текови и ги гради подобрите времиња – сега, кога нашето време е тука.
Види детали

Тагови

Архива на вести