ЧЕСТ И ДОСТИГНУВАЊЕ Е ДА СЕ БИДЕ МЕДИЦИНСКА СЕСТРА

Во контекст на Сеќавањата за жртвите во нападите на 11ти септември, Американската амбасада во нашата земја сподели и кратка изјава од нашата колешка, Суза Кочовска, главна медицинска сестра во Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле:

"Вирусот корона нема свој мозок, затоа не е селективен. Кога ги погледнав нашите мали пациенти, знаев дека утре тоа може да биде моето дете или внуче ако не внимавам.

Но, едно знам со сигурност: мерките за социјално растојание се ефикасни. Ги охрабрувам сите да продолжат да се дистанцираат за да не се пренатрупа здравствениот систем.

И покрај неизвесноста во овие времиња, чест и достигнување е да се биде медицинска сестра и да се биде дел од тим што помага да се спасат животи“.




Пребарување

Категории

Актуелно

📣 ПРОДОЛЖЕН РОК ЗА АПСТРАКТИ ДО 10 АВГУСТ 2025 (4 МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ И ЕСНО КОНФЕРЕНЦИЈА)
07.7.2025
👉 Рокот за испраќање на апстракт за активно учество со сопствена презентација или стручна тема е продолжен до 10 август 2025 година.Апстрактите (до 250 зборови) се испраќаат на: aplikacija@zanas.mk
Види детали

Тагови

Архива на вести