НЕЗАДОВОЛСТВО И РЕВОЛТ КОН СЕЛЕКТИВНОТО ИСПЛАЌАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари акушерки стоматолошки сестри предводена од ЗМСТАС – ЗА НАС го  пренесува незадоволство и револтот кој го чувствуваат стоматолошките сестри предизвикано од селективното, односно неусогласено исплаќање на финансиската поддршка одобрена од ФЗО на РСМ.

Од меѓусебната комуникација информациите укажуваат дека  дел од оваа група на здравствени работници ја добиле оваа финансиска поддршка, а дел не, во зависност од индивидуалното толкување на дописот од ФЗО на РСМ за одобрено користење на финансиска поддршка на здравствените работници.

Сметаме дека селективност меѓу вработените од стоматолошките превентивни и ноќни тимови не треба да има, зошто во времето на најјакото жариште на пандемијата сите ние бевме вклучени и максимално активни и посветени на нашата професија. Сите пациенти беа и се прегледувани без исклучок, во време кога и матичните стоматолошки ординации беа затворени. Затоа финансиската подршка одобрена од ФЗО  треба да биде усогласена за сите стоматолошки тимови од превентивната и ноќната служба низ сите Здравствени Домови во нашата земја. Но, не на овој начин со селективна исплата. Незадоволството и револтот меѓу вработените е навистина голем.



 





Подготвил:
Даниел Стојмановски
Лице за односи со јавноста и комуникација со медиуми




Пребарување

Категории

Актуелно

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА УНИЈАТА НА ЗМСТАС ПРЕДВОДЕНА ОД ЗМСТАС „ЗА НАС“ ВО ЦРКОВНАТА НАРОДНА КУЈНА
29.12.2025
Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки и стоматолошки сестри предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, заедно со своето Хуманитарно друштво „Ивона Пешевска“, реализираше хуманитарна акција во црковната народна кујна, во соработка со Хуманитарната организација „Свети Спас“.
Види детали

Тагови

Архива на вести