УНИЈАТА СО ПОДДРШКА ЗА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ВО ПРИЛЕП: НЕ Е ХУМАНО И ПОКРАЈ АНГАЖМАНОТ ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ СЕ УШТЕ ДА БИДАТ ОСТАВЕНИ БЕЗ ПЛАТИ И ДОГОВОР ЗА РАБОТА

Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ ја дава својата целосна поддршка за медицинските сестри од прилепската болница чиј статус се уште не е решен.

„Незамисливо е и покрај ангажманот во ковид центрите, медицинските сестри да не бидат со решен статус и да не добиваат плата. Уште пострашен е моментот на поделба, што дел од нив во овој период имаат добиено решенија а дел не. Работните задачи им се еднакви и треба сите да бидат еднакво третирани. Сестринството во нашата земја заслужува многу поинаков третман од овој кој го добиваме сега.“ - велат од извршниот одбор на Унијата.


Како што истакнуваат голем дел од медиумите денеска 16 медицински лица во прилепската болница, распределени во скоро сите одделенијам повеќе од 9 месеци се оставени без плата и без никаков договор. Тие биле повикани од страна на државата како помош за ковид пандемијата и им било ветено вработување бидејќи прилепската болница и онака кубури со кадар. Но, од сите ветувања до ден денес не се реализирало ништо.

Дел од нив денеска револтирано излегоа на мирен протест пред болницата со обвинувања дека државата се прави слепа за нивните барања, а тие биле и се уште се тука кога му се најмногу потребни на здравствениот систем.



Уште од почетокот на пандемијата Унијата гласно апелираше до надлежните за потребата од итно решавање на работниот статус на медицинските сестри. Голем дел од нив во тој пероид добија редовно вработување.




 

 

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА ПРВИОТ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ЗА ПРИМАРНА ЗАШТИТА
22.3.2024
Почитувани, ве известуваме дека вчера се одржа Првиот симпозиум на Друштвото на медицински сестри за примарна заштита на тема: Право време за движење напред: Нови професионални перспективи, во организација на Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“.
Види детали

Тагови

Архива на вести